Харизмата на Масимо Фереро, претседателот на Сампдорија, се пренесе и на тимот, кој во 6 кола од Серија A нема пораз, а прими само два гола. „Блучеркијати“ се најмладата екипа во европските ТОП5 првенства.
Ирскиот фудбалер Енди Рид постигна ретко виден гол од слободен удар за екипата на Нотингем Форест против Чарлтон со шут кој го упати од аут линијата. Овој лоб удар не потсети на голот на Михајловиќ на мечот Челси-Лацио во Лигата на шампионите, но разликата во далечина е евидентна.
Само една погрешно преведена реченица на хрватскиот портал „Индекс" од интервјуто на селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, предизвика голема бура на реакции во пресрет на утрешниот дуел помеѓу големите ривали Хрватска и Србија во нашата квалификациска група за Светското првенство 2014 година.