Андреа Пирло кој игра како препороден веќе трета сезона во Јувентус, изминатиот викенд направи нова мајсторија од слободен удар со која на минута до крајот му донесе триумф на својот тим на гости против Џенова.
За него тоа беше гол број 25 од таа позиција во италијанскиот фудбалски шампионат со што се доближи до маестро Синиша Михајловиќ кој е рекордер по постигнати голови од слободен удар со 28 погодоци.
34 годишниот италијански репрезентативец е на прагот да го стигне поранешниот дефанзивец во Серија А, а инаку на сите натпреварувања тој има постигнато вкупно 41 гол од слободен удар од кои 8 за италијанската репрезентација.
Зад Михајловиќ и Пирло на листата со постигнати голови од слободен удар во италијанското првенство, се наоѓаат Дел Пјеро (22), Роберто Баџо (21), Тоти и Ѕола (20), Марадона (14), Киеза, Платини и Рекоба (13).