Од спомените на Синиша Михајловиќ

Најдобриот пријател Хрват ми ја разнесе куќата, а бевме како браќа

Откако српскиот стратег кој сезонава одлично го води Торино, зборуваше за актуелни фудбалски теми и неодамнешни случувања во Милан, еве го повторно со ново занимливо интервју во италијанскиот печат во кое се навраќа и на војната во Југославија.

Синиша Михајловиќ е роден во Вуковар, град на хрватска територија на самата граница со Србија каде живееле и Срби и Хрвати. Во интервју за Кориере дело Спорт сподели еден непријатна интимна случка од времето кога за ова место се водеше битка за освојување во 1991 година.

„Бевме како браќа. Не можев да прифатам што го направи тоа и болката секогаш беше во мене. Во 1999-та или 2000-та кога игравме против Хрватска дојде во хотелот. Поразговараме и ми рече дека токму него намерно го натерале тоа да го направи, бидејќи знаеа дека е добар пријател со мене. Ми рече дека се обидел да ги предупреди моите родители на секој можен начин да ја напуштат куќата. Ако не ја разнел, ќе го убиеле“.

За инцидентот со Патрик Виера во 2000 година на средбата Арсенал – Лацио.

„Прво морам да ви кажам дека после таа случка јас и Виера станавме пријатели. Исто така тој иако беше повреден, дојде на мојот проштален меч и тоа беше еден убав гест после тоа што се случи меѓу нас. На еден меч тој ми рече `циган гомнарски`, а јас му реков `црнец гомнарски`. Мислам дека се што се случува на терен, треба да остане таму и после да помине. Потоа кога се врати во Англија изјави дека сум го нарекол црнец гомнарски, а јас можев слободно да кажам дека тоа не беше вистина. Но не сум таков и потврдив, да, го нареков така. Но мојата навреда не беше дека е црнец, туку дека е гомнар. Зошто црнец гомнарски е расизам, а циган гомнарски не е? Што е разликата? Ништо. Јас имам многу пријатели црнци. Инаку во принцип сум во добри односи со сите и кога имам некој проблем со некој му го кажувам директно, а не кукавички“.

За случајот со Муту кој го плукна на меч од ЛШ меѓу Челси и Лацио, а потоа му стана тренер во Фиорентина.

„Не требаше да го плукнам. Јас заминав во Фиренца да работам како тренер, а тој беше играч и беше загрижен. Му реков да не се грижи бидејќи тоа беше моја вина. Ти беше добар што успеа да ме испровоцираш, а јас бев глупак што те плукнав. Јас погрешив и треба да ти се извинам, а не ти на мене. Играчите знаеја каков сум и доаѓаа да ме провоцираат, исто како што многу пати ги провоцирав и јас“.

Случајот со Оливер Бироф.

„Се сеќавам еднаш додека бев во Лацио, игравме против Милан, а тогаш се случуваа бомбардирањата во Белград. Кога играв имав секогаш потреба да имам некој непријател за можам да го дадам максимумот. Но Бироф ми пријде пред мечот и ми рече `Жал ми е многу за тоа што се случува во твојата земја, не го заслужувате тоа. Со вас сум`. Го погледнав и му се заблагодарив и потоа кога се тргна си реков `Како сега ќе го провоцирам после ова што ми го кажа`?

КАКО МИХАЈЛОВИЌ СЕ БОРЕЛ СО КАРАКТЕРОТ НА БЕРЛУСКОНИ И КАКО ГО ПРОМЕНИ МЕНТАЛИТЕТОТ ВО ТОРИНО

21 ноември 2016 - 14:12