Кое е детето што го спасува Милан?

Милан лансираше голман за следните 20 години и време е да дознаеме нешто друго за него освен дека има 16 години.

Не така одамна, мајката на Џанлуиџи Донарума, Маринела морала пред секој натпревар на младите категории во локалниот тим во Неапол да носи потврда за годините на својот син. Тогаш 11-годишниот Донарума поради импозантната висина делувал многу постар од своите врсници и имал само еден сон - да брани за Милан, клубот за кој навива од мал.
 
Џанлуиџи за првпат почнал да се интересира за голманските ракавици на 4-годишна возраст, кога често играл со неговиот вујко Ернесто кој е тренер на голмани по професија.
 
Клупата на Синиша Михајловиќ сериозно беше разнишана и делуваше дека Синке се одлучи за очајнички потег. Меѓутоа, се испостави дека кој ризикува, профитира. После мизерните резултати од почетокот на сезоната и три натпревари без победа, во оган го фрли голобрадиот голман роден на 25. февруари 1999. година.
 
Во Серија А дебитираше во триумфот на Милан од (2-1) против Сасуоло, а потоа против Киево (1-0) се погрижи Милан првпат сезонава да ја сочува мрежата. Неверојатниот настап на Донарума беше клучен во победата на Милан против Лацио на гости (1-3). Минатиот викенд, Росонерите одиграа само 0-0 против Аталанта, во меч во кој Донарума ги спасуваше домашните. 

Иако стана најмлад голман стартер во историјата на Серија А со 16 години, 8 месеци и 6 дена, 196 сантиметри високиот Џанлуиџи Донарума реши да биде некој за кој ќе пишува цела Европа. Четири натпревари, три победи, едно реми и два пати сочувана мрежа. Одличен учинок за момче од едвај 16 години. Неговиот брат Антонио е исто голман, кој брани во Џенова, а беше член на Милан пред две сезони.

Дебито и бравурозните одбрани на Џанлуиџи Донарума:

12 ноември 2015 - 11:32