На 10. март 1981 година во Дуала (Камерун) се роди Самуел Ето, човекот кој ќе стане бесмртен по фантастичните настапи во Европа.
Најголем подарок доби минатиот викенд, кога ја затресе мрежата на Каљари во триумфот на Сампдорија од 2:0. Веднаш по натпреварот, Ето добил порака од тренерот Синиша Михајловиќ во кој Камерунецот добил пофалби за играта.
Ова добива на значење, особено што Ето не е лесен карактер, а не е ни Михајловиќ, што се докажа по доаѓањето на Камерунецот во Џенова кога имаа недоразбирање. Причина беше што Србинот наложил два тренинга во понеделник, само ден после поразот од Торино.
По настанот, Сампдорија не оди во карантин пред средбите. Како што е во Англија. Начин на кој се крева моралот во екипата и според кој тренерот ги третира фудбалерите како созреани луѓе. Ето и Михајловиќ и натаму живеат во хотел, иако семејството на Самуел остана во Милано (по престојот во Интер).
Самуел со Дорија потпиша договор на 3 ипол години во еден париски хотел, а целата работа се завршила во само два часа, затоа што Ето морал да се врати на терен во Евертон.
Го викаа од САД, во Космос пред сè но Ето сакаше да се врати во Серија А. И самиот изјавуваше дека во Италија му е најубаво, го ценат соиграчите и противниците. Доказ за тоа беше саботната сцена за Оскар против Удинезе, кога му ги врзуваше врвците на копачките на противничкиот голман, Жељко Бркиќ.
„Им помагам на соиграчите, ми помагаат тие мене. Така се раѓаат головите“, пиша Ето на Твитер.
Во моментов се снима документарен филм за неговата кариера, а еден од најзаслужните за тоа што Ето се врати во Италија е претседателот на Сампдорија, режисерот по професија Масимо Фереро. На приватен план, Ето не сака да зборува многу. Или сака да зборува само кога мора или кога треба да прати силна порака. Токму затоа во саботата не даваше интервјуа после голот.
Среќен роденден на Ето му посака и харизматичниот претседател Масимо Фереро:
Здраво Свету, добар ден Италија, добар ден Сампдорија. Пред 34 години се роди ѕвездата! Да му посакаме среќен роденден на С. Ето!