Откако Синиша и водителот се шегуваа на сметка на претседателот на Сампдорија кој јавно “му изразил љубов“ на Михајловиќ, а пеел и италијански песни во тв емисија, тој зборуваше за неговиот вкус за музика.
„Слушам се, но посебно ми се допаѓа српската музика. Се работи за фолк музика и кога кај нас се прават прослави се слуша само тоа. Се работи за поразличен менталитет бидејќи ние се качуваме по маси, фрламе чаши...Зошто се фрлаат чаши, така се наздравува? Па да, понекогаш ја фрлаш на маса, некогаш некого маваш по глава...
Бендот во студиото на Скај го изненади Михајловиќ со познатата српска песна Ѓурѓевдан, а тој го објасни нејзиното значење и запеа со нив.
„Во нашата земја секоја фамилија има светец-штитеник. Мојот е Св.Никола кој се слави на 19 декември. Ѓурѓевдан е штитеник на Ромите кои го слават на 6 мај, а песната е инаку химна на навивачите на Црвена Ѕвезда кои ги викаат цигани. Тоа е песна на една стара група која се вика Бјело Дугме каде главен беше Горан Бреговиќ“.
Без разлика што има 46 години, Синиша Михајловиќ им покажа како се уште му работи левата и тоа од кровот на телевизијата.