„Не верувам дека Нејмар може да ме замени и да биде мој наследник во бразилскиот фудбал. Моите родители веќе ја затворија чантата. Дали сум адекватен за денешниот фудбал? Запрашајте се дали Бетовен денеска би бил важен и сигурно одговорот би бил да. Луѓето забораваат дека јас сум роден со дарба да играм фудбал“ – Пеле.
„Моето доаѓање во Милан беше тешко. Во Италија не го признаваа Џордано Бруно. Јас бев како негов наследник. Фудбалската атмосфера и дел од новинарите ме сметаа за противник и малку поразличен, бидејќи поради мене го губеа лидерството. За разлика од нив младите и помалку конзервативните се интересираа за мене“- Ариго Саки.
„Можеби не можеме да јадеме скапи порции за 100 евра, но барем можеме да седиме во таков ресторан“, изјава на Масимилијано Алегри која се однесува на коментарот на Антонио Конте: „Не се влегува во ресторан со 10 евра каде ви се потребни 100 евра“ – Масимилијано Алегри.
„Изјавата на Конте дека не се влегува со 10 евра во ресторан каде ви требаат 100 евра беше навреда? Подобро беше да не ја чуеме, но сепак тоа е неговиот карактер“, Бепе Марота, директор на Јувентус.
„Порано младите учеа од постарите играчи. Јас како помал им ги носев топките на постарите од мене во тим, а исто така носев и други работи потребни за на тренинг. Ако се побунев јадев ќотек. Ако денес му кажеш на помал да ти ја донесе топката, ќе ти одговори: „И ти имаш две раце“ – Мирослав Клосе.
„Би дал милион евра за да ја освојам Лигата на шампионите и би играл една година гратис само за да стигнам до финалето во Берлин со Јувентус“, Алваро Мората.
„Што има Михајловиќ повеќе од мене? Возраст, бидејќи е помлад“ - Роберто Манчини пред мечот Сампдорија – Интер.
„Кога бев помлад има потреба да го делам светот на “ние“ и другите. Тоа ме исполнуваше. Некои историчари тоа го дефинираат потреба од непријател. Денеска немам потреба од непријатели“ – Синиша Михајловиќ.
„Две фрази ми оставија впечаток од филмот „По потрага по среќата“. Немој на никој да му дозволуваш да ти кажува дека нешто не знаеш да направиш и ако имаш сон, треба да го штитиш. Овие две работи ја прават приказната за нас кои се занимаваме со оваа професија“ - Емилијано Вивјано, голман на Сампдорија.
„Зборував со Хернанес по поразот од Наполи и му реков консултирај се со семејството и на крај на година ќе ме известиш. Потоа на телефон ми се јавува неговиот агент и ми вика дека сакал да оди во Интер со кој почнал да флертува. Заработив 20 милиони, а го загубив во јуни. Мајсторија“ - Клаудио Лотито, претседател на Лацио.
„Милан? Оставете сега тоа, дајте да зборуваме за поважни работи“ – Силвио Берлускони.
„Кога бев мал сакав да бидам фудбалер или пожарникар. Потоа сфатив дека сепак ќе бидам фудбалер. Никогаш не сум имал Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Имам попаметни работи за правење отколку да дремам цел ден на телефон“ – Филип Мексес.
„За време на еден корнер Пепе ме прашуваше нешто за син ми. Судија на тоа дерби беше Матеу, а тој па почна да ме прашува за сè, за Милан, за Саша (имињата на децата). Додека зборуваше во напад доаѓање Кристијано Роналдо“ – Пике од Барселона.