Бепе Сињори и Синиша Михајловиќ се единствените двајца играчи кои успеале да остварат хет-трик од слободен удар. И двајцата фудбалери тоа го сторија како членови на Лацио, а и двајцата го носеа дресот со број 11.
Публиката на стадионот Олимпико во Рим прв пат тоа го виде на 10 април 1994-та откако по водството на Аталанта, Сињори направи пресврт со три погодоци од слободен удар.
Овој подвиг Михајловиќ го повтори на 13 декември 1998-ма на мечот Лацио – Сампдорија 5:2.
Сињори го носеше дресот на Лацио од 1992-ра до 1997 година. Трофеи нема, но на 152 средби постигна 117 гола и три сезони во Серија А беше најдобар стрелец.
Михајловиќ го носеше сино-белиот дрес од 1998-ма до 2004-та и освои 7 трофеи од кои едно Скудето. Српскиот дефанзивец постигна 20 гола за Лацио.