Михајловиќ се спрема за чистка, има 9 напаѓачи

По Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија, српскиот стратег денеска на Сан Сиро ја почнува петтата тренерска авантура во Италија. Медиумите на чизмата пишуваат дека во тренинг центарот на Милан стигнал како премиер со три коли. Договорот му е на две години.

Првиот состанок со соработниците

Синиша Михајловиќ како нов предводник на Милан прво треба да реши што ќе прави со нападот. Има шест напаѓачи, потоа уште тројца кои се враќаат од позајмица, а тука не ги сметаме Џанпаоло Пацини на кој му истекнува договор и Матија Дестро кој се враќа во Рома.

Алесио Черчи дојде во јануари од Атлетико Мадрид на позајмица од 18 месеци. Во Серија А имаше 10 настапи, но не ја начна мрежата.

Стефан Ел Шарави во Милан е од 2011-та. Најдобрата сезона му беше 2012/2013, но потоа заглави со повреди. Сезонава има 17 настапи и само 3 гола во Серија А.

Хонда го засили Милан од ЦСКА Москва пред две сезони. Изминатава сезона одигра 29 меча на кои постигна 6 гола.

Хашим Мастур има само 17 години и сè уште го чека дебито за првиот тим. Кларенс Сидорф го повика во последното коло од сезоната 2013/3014 против Сасуоло, но остана на клупа.

Алесандро Матри по позајмиците во Џенова и Јувентус се враќа во Милан.

Жереми Менез во првата сезонава беше најдобар стрелец на Милан, а дојде од ПСЖ.

Нјанг од 2012 година е член на Милан, а по позајмиците во Монпеље и Џенова, се враќа на Сан Сиро.

Андреа Петања кој има 19 години беше на позајмица во Сампдорија, Латина и Виченца, но и тој од ова лето се враќа во Милан.

Сусо во јануари годинава потпиша 4 годишен договор со Милан, а претходно беше во Ливерпул. Дебитираше во четвртфиналето од Купот на Италија против Лацио, а заигра еден меч и во првенството, но само 15 минути против Палермо.

16 јуни 2015 - 18:06