Откако неколку недели не доаѓал на тренинг, Марио Балотели до управата на Бреша доставил лекарски извештај како оправдание дека отсуствувал од тренинзите поради гастроентерит. Сабајлево другар го возел со кола до тренинг центарот каде Балотели дошол да тренира, ама „пољубил врата“. Претседателот на Бреша Масимо Челино реши да го раскине договорот со Балотели на штета на клубот.
Истражување од Универзитетот Колорадо покажало дека човек во својот живот се ракува по 20.000 пати во просек. Доктори тврдат дека на рацете во просек има по 4.000 бактерии од кои некои многу непријатни. Од кога постои овој ритуал во фудбалот?
На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.
Најдобриот италијански голман на сите времиња, Џанлуиџи Буфон во сезоната 2002/2003 бранеше абнормално. Немаше натпревар а да не направи спектакуларна парада или да го одбрани голот после еден-на-еден со противнички напаѓач. Најзаслужен беше што Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите таа 2003-та.
Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.
Како што стојат работите, до денешен ден официјален старт има закажано само германската Бундеслига (прва и втора). Останатите топ европски лиги ќе почекаат најверојатно до почеток или средина на јуни. Уште понејасна слика е во кошарката каде НБА и Евролига не соопштија никаков план.
Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.
Иако ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 и натаму е неизвесна, повеќе европски влади размислуваат за ублажување на мерките, а соодветно на тоа и многу национални првенства се острат да ги пуштат спортистите во арените.
Ексцентричниот Масимо Челино, сопственик на Бреша кој до пред неколку години беше газда на англискиот Лидс Јунајтед, отворено ја нападна европската фудбалска унија.
Читател ни пиша дека и тој како нас, деновиве чешлал јаки ретро видеа и налетал на една лудорија за која Бранко Илиевски во пренос вели вака: Формални 7 минути до крајот на средбата, бидејќи чуда не се случуваат секогаш. Ај да видиме што е тоа.
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Фудбалот е сосема неважен во ситуација кога цела Италија, цела Европа и цел свет водат битка против Ковид-19. Меѓу оние клубови кои чувствуваат најгорчлив вкус поради прекинот е и клубот кој после долги години тргна во сериозен поход кон скудето.
Новиот Ковид-19 продолжува да се шири по Европа и сериозно да влијае на животот на овој континент. Спортот страда заедно со другите масовни настани и ситуацијата со некои натпреварувања е нејасна.
Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.
Ситуацијата во италијанско е ептен трудна. До крај има 12 кола, ама и кнап време за да се доиграат, бидејќи италијанската влада го стопираше првенството до 3 април, а на 12 јуни почнува Европско. Една од трите опции е воопшто и да не се одигра и да нема првак.
Сасуоло и Бреша синоќа го одиграа последниот меч на колото, но и на месецот, откако премиерот на Италија синоќа изјави дека ќе мора да прекинат сите спортски манифестации заедно со фудбалот до 3 април.
Сезоната која до пред само неколку недели важеше за најинтересна во Серија А во последните неколку години, полека стивна во сенка на сериозниот замав кој го прави коронавирусот. Фудбал час се игра, час не се игра, а гледалиштата сурово празни.
Гоче игра како во најдобрите денови. Со убав гол на „Сан Сиро“ против Милан уште повеќе придонесе во борбата на Џенова за опстанок, но ни крив ни должен наиде на критики од министер во Италија.
Италијанската влада со декрет одлучи фудбал да се игра без публика до 3 април. Донесени се и 18 правила кои треба да ги почитуваат играчите и тренерите. Распоредот на натпреварите се компликува се повеќе и од што нема многу опции за измени, не можат ни да го изгласаат.
Водителот прво го прашува: Следиш фудбал? Да. Потоа треба да погоди нешто што го знаат точно и деца од основно. Ама деца што стварно следат фудбал. Attaccante е напаѓач, а difensore дефанзивец. По одговорите ќе сфатите колку е он уствари дудук на темава.