Најдобриот италијански голман на сите времиња, Џанлуиџи Буфон во сезоната 2002/2003 бранеше абнормално. Немаше натпревар а да не направи спектакуларна парада или да го одбрани голот после еден-на-еден со противнички напаѓач. Најзаслужен беше што Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите таа 2003-та.