На кое дереџе падна Балотели, го вратија од пред врата во Бреша
Откако неколку недели не доаѓал на тренинг, Марио Балотели до управата на Бреша доставил лекарски извештај како оправдание дека отсуствувал од тренинзите поради гастроентерит. Сабајлево другар го возел со кола до тренинг центарот каде Балотели дошол да тренира, ама „пољубил врата“. Претседателот на Бреша Масимо Челино реши да го раскине договорот со Балотели на штета на клубот.
Ова значи дека доскорешниот италијански репрезентативец кој играше во финалето на Европско првенство 2012 година, ќе остане без клуб до крајот од сезоната.