Таг: серија а

Сари, а да пробаш да бидеш поштар од врата на врата

Еден од подобрите италијански стратези на денешницата, тренерот на Јувентус Маурицио Сари проаѓа низ тежок период: доживеа два тешки порази во три меча, новинарите го напаѓаат, управата му е наострена.

Зошто италијанско сезонава не е за испуштање

Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.

Кореографија во Рим за која ќе се зборува

Навивачите на Лацио доминираат сезонава во Серија А. По дербито со Рома на кое направија спектакуларна кореографија, и синоќа против слабо рангираната Верона го наполнија стадионот и демонстрираа нова јака претстава.

Интригите во Топ 5 лигите во Европа

До пред некое време во Серија А и Бундеслига имаше само еден шампион а во Премиер лига стално беше неизвесно до крајот. Епа сезонава е скроз обратно.

Белгиец 1 ден во Милан, тренерот го става во игра и го советува на италијански

Навивачите на Милан се задоволни од преодниот трансфер рок. Клубот заработи од продажбите и позајмиците на Пјонтек, Родригез и Сусо, а екипата ја засили едно интересно дете кое ненамерно откри една глупост на тренерот Пиоли.

Панчев, Пандев и четворица други - шесте Македонци кои давале голови во Серија А

Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.

Чудесно пиротехничко шоу на најголемиот плоштад во цела Италија

Во средата фудбалскиот клуб Падова, од третата италијанска лига, прослави супер јубилеј: 110 години од основањето. Во серијата настани и церемонии, најјака беше навивачката претстава.

Нов гол на Дејан Кулушевски во Серија А, Јувентус трие раце

Парма ни малку не се зафркава кога најавува борба за пласман во еврокуповите. Осоколени се од Дејан Кулушевски, кој оваа зима потпиша со Јувентус (35 милиони) за кого ќе заигра од претстојното лето. Кулушевски попладнево го постигна 5-от гол сезонава, а прв по договорот со шампионот.

Аталанта го победи Торино 0-7 на гости, Иличиќ даде гол од пола терен

Во последните месец дена, Аталанта има фасцинантни, рекордни резултати. Победуваше со 5-0, 5-0 и 7-0. Само Манчестер Сити дал повеќе голови во Топ5 лигите во Европа, иако премиерлигашот има 3 меча повеќе од Бергамашите. Иличиќ полуде, не знае за доста.

Учи јазик за да не одиш бос по трње како италијанските тренери

Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.

Верона - Џенова доцнела 15 минути поради криви линии

Серија А сезонава е топ. Тука е Роналдо, тука е Ибрахимовиќ, тука е Конте, има интриги, но старата добра Италија никаде не мрда.

Златан растура и на 38 години, не му требаше многу да почне да го вади Милан од криза

Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.

Тонали сам против цел Лацио

Не за џабе за потписот на Сандро Тонали се борат најголемите клубови од Европа. За слаломов против Лацио, Инзаги можда требаше да пушти уште луѓе од клупа да го бркаат.

Епската кореографија на италијанска кошарка

За оние кои не знаат, во италијанската кошаркарска Lega Basket Serie A (LBA) има бајаги сериозно градско дерби: Фортитудо Болоња - Виртус Болоња, два клуба кои имаат голем број навивачи зад себе и широки трофејни сали. Вечерва од 20:30 се игра градското дерби а навивачите на Фортитудо го најавија со едно сеќавање од пред десетина години.

Случајно стана тренер на прв тим, па од нигде никаде почна да прави чуда

Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.

После триумфот на Наполи, Елиф може и по пижами да шета

Тренерки, се шалиме. Иако ова што го носи најдобриот млад македонски фудбалер на враќање од гостувањето каде што по негов обид, домашниот играч Обианг си даде автогол против Сасуоло, подзаликува на новогодишна пижама. „Среќни празници Елиф“, му пишаа луѓето задолжени за маркетинг во клубот.

Елмас во 90+4' минута за славје на Наполи

Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.

Овие во Серија А се спрдаваат, друго објаснување нема

По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?

Го видовте ли гестот на Роналдо со капитенската лента?

Ем што со два гола против Удинезе беше главен автор на победата на Јувентус, ем што во 80’ минута кога Гонзало Игуаин кој излезе од игра а беше капитен, Роналдо реши капитенската лента да не ја става на себе, туку му ја проследи на Матуиди, кој во тој момент беше играч со најдолг непрекинат престој во Јуве од сите на теренот.

Ди Марцио откри зошто Анчелоти доби отказ од Наполи

Односот меѓу трофејниот тренер и првиот човек на Наполи веќе некое време не биле баш најсјајни. Немале никакви конфронтации, освен што Де Лаурентис веќе подолго време сакал еден друг стратег да ги води „Аѕурите“ од Неапол.

Фото на денот

Иако реши да игра за земјата во која е роден (Шведска, Стокхолм), 19-годишниот Дејан Кулушевски кој во моментов важи за еден од најдобрите играчи во Серија А и кој е на радар на големите клубови, не заборава на своите корени.

Спектакуларен гол на Пандев од скоро пола терен!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација игра неверојатен фудбал. На денешниот меч против Лече на гости, постигна фантастичен гол за водство на Џенова, а подоцна имаше и асистенција за пеналот со кој неговиот тим зголеми на 0-2. Сепак подоцна, во само четири минути во вториот дел (од 73 до 77) Пандев доби два жолти картони (еден поради симулирање прекршок, а вториот поради фаул) и беше исклучен. Лече на крајот израмни на 2-2.

Никогаш доста од Феноменот

На Меси и на Кристијано им се поклонуваме, а вистинскиот Роналдо уживаме да го гледаме. Бразилецот во Италија играше за Интер и за Милан. За првите постигна 49 гола на 68 меча а за вторите 9 на 20. Неговите потези ќе останат засекогаш.

Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.