Јувентус е во мини криза. Бјанконерите кикснаа со Наполи, па со Верона и Интер ги претрка на врвот на табелата во Серија А.
Ама култниот Маурицио Сари е мирен како и секогаш:
„Ако сакав да работам нeшто без притисок и да немам испити, ќе работев во пошта. Ние сме на добар пат да ја решиме задачата која ја поставивме пред себе на почетокот од сезоната. На некои натпревари можеби не оди така, но се обидуваме“, рече Сари на новинарски прашања дали е под притисок.
И не помина долго, одговор му стигна од оние кои несвесно ги прозва. Од официјалниот твитер профил на Италијански Пошти му одговорија:
Gli esami - contrariamente a quanto sostiene #Sarri - alle #Poste ci sono eccome. pic.twitter.com/LE8SUFo2bL
— Poste Italiane (@PosteNews) February 12, 2020
„Во одговор на ставот на Маурицио Сари: „Ако не сакав да бидам под притисок ќе работев во Пошта“, Италијански Пошти го поканува господинот Сари да посвети неколку минути од неговото драгоцено време за да се информира дека Италијански Пошти е најголемата фирма во Земјата, избрана е од млади дипломци како една од најатрактивните компании за работа, препознатлива е меѓу првите 500 фирми на светот за квалитетот на работниот живот, фирма која што имаше најголем обрт во 2019-та и која што се наоѓа на трето место на светско ниво по репутација меѓу сите италијански компании.
Така што, испитите во Пошти, спротивно од она што го тврди Сари, ги има и фирмата им е на сервис на граѓаните, на фирмите и на јавната администрација.
Го чекаме лично да го види нашето секојдневно работење во една од нашите 15.000 оперативни седишта“.
Но во случајов прав е господинот Сари. Прво што тој најдобро од сите знае што значи канцелариска работа. Верувале или не, Сари до 40 години работел во банка на видна позиција, а таму му сметал дрес-кодот (затоа на терен никогаш нема да го видите во одело и кошули).
Исто така треба да се знае дека омилен писател на Маурицио Сари е Американецот Чарлс Буковски кој има роман „Пошти“ од 1971-ва одина. Во вториот дел од овој роман ќе најдете дел во кое може да ги пронајдете зборовите на Сари кој немал намера да ја навреди Италијанска Пошта.