Ди Марцио откри зошто Анчелоти доби отказ од Наполи

Односот меѓу трофејниот тренер и првиот човек на Наполи веќе некое време не биле баш најсјајни. Немале никакви конфронтации, освен што Де Лаурентис веќе подолго време сакал еден друг стратег да ги води „Аѕурите“ од Неапол.

Конечно драмата на Сан Паоло во режија на Аурелио Де Лаурентис а со Карло Анчелоти како главна улога и играчите како споредни, добри епилог.

По убедливиот триумф над Генк во Лига на шампиони (4:0) со кој Наполи се пласираше во 1/8 финале, од клубот стигна соопштение дека Анчелоти веќе не е тренер на екипата. Веќе подолго време траеше неизвесноста околу тоа дали Карло ќе ја истера сезоната до крај или него ќе го замени Гатузо, и разврска конечно стигна.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ?

Угледниот инсајдер, Џанлука Ди Марцио за Скај Спорт вели:

„Според мене, уште на крајот од минатата сезона, кога се подвлече црта на она што функционираше, првенството, прилично добро одиграно, иако Наполи никогаш не беше реално во трка за титулата, и она кое не функционираше добро како групата во ЛШ, според мене уште тогаш нешто „пукна“.

Стигнуваа гласини дека меѓу април и мај, дека претседателот Де Лаурентис се информирал за други тренери, воглавном за Гасперини (Аталанта), кој отсекогаш му беше омилен и кога ќе докажевме овие гласини, ни велеа: ’Не, не, Гасперини го контактиравме за да дознаеме како стои со Иличиќ, каков е Кастањ, т.е. играчи кои Наполи сакаше да ги земе а на крај не ги купи, што значи дека очигледно телефонските повици до Гасперини биле повеќе да се дознае дали тој на крај ќе се ослободи од Аталанта или не.

Мислам дека ако Гасперини кажеше: „Доаѓам“, можеби врската Наполи-Анчелоти уште тогаш ќе се раскинеше.

Како и да било, на крај врската меѓу Аурелио и Карло пукна. Анчелоти доби отказ а за негов наследник е промовиран поранешниот тренер на Пиза и Милан, Џенаро Гатузо. 

Наполи после 15 кола е дури на 7. место во Серија А со учинок 5-6-4 и гол разлика 24-19. Наполитанците заостануваат цели 17 бода зад лидерот Интер и 8 бода зад 4. место кое води во Лига на шампиони догодина.

На европски фронт тие обезбедија 1/8 финале каде ќе го чекаат противникот на претстојната ждрепка.