Најбесниот пресврт во италијанско со снимка од Телма

Читател ни пиша дека и тој како нас, деновиве чешлал јаки ретро видеа и налетал на една лудорија за која Бранко Илиевски во пренос вели вака: Формални 7 минути до крајот на средбата, бидејќи чуда не се случуваат секогаш. Ај да видиме што е тоа.

Интер – Сампдорија, 2005-та. Кој памти, кој не, сепак се тоа 15 години и сезона во која никој не доби Скудето. Го освои Јуве, но му го одземаа поради Калчополи, Милан заврши втор и мина со одземени бодови, Удинезе за прв пат во историја се пласираше во ЛШ, а Палермо во Куп на УЕФА.

Видеото што ни го пратија стварно е многу бесно и можеби најјак пресврт во Серија А. Во Интер таа година тренер стана Роберто Манчини кој дојде од Лацио и се најде со поранешните соиграчи Станковиќ, Верон, Виери, Фавали и Михајловиќ кој потоа му стана помошник.

Меѓу звучните имиња ги купија Давидс и Камбјасо, а имаа и некои играчи кои претходно не можеа да се истакнат баш најдобро во тим како Ван дер Мејде, Кили Гонзалес, Емре, Рекоба, Карагунис и Коко.

Интер до јануари месец беше единствениот непоразен тим, но Манчини го доби прекарот Мистер X, затоа што по 17 кола имаше само 5 победи и дури 12 нерешени. Оваа средба со Сампдорија беше готова да биде прв пораз, а Бранко во пренос кажа дека веќе нема непоразени екипи сезонава.

Тимот од кој е нормално да се исплаши човек кога ќе го види на хартија губеше 0:2. Стрелци Макс Тонето во 44-та и Виталиј Кутузов во 83-та. Од таму оној коментар: Формални 7 минути до крајот.

Нема логика понатаму да ми објаснуваме, тоа треба да се види. Само ќе ви ги кажеме стрелците и минутите: Мартинс 88-ма, Виери 90-та, Рекоба 93-та. Интер – Сампдорија конечни 3:2, а публиката почна да напушта на 0:2.

Состави

 

Конечна табела

Стрелци

1 април 2020 - 14:04