Италијанските, шпанските и англиските фудбалски власти го следеа примерот од Германија каде Бундеслигата со подолга листа препораки и мерки го врати фудбалот.
Според договорениот план за рестарт на Премиер лига, Ла Лига и Серија А, календарот ќе ни овозможи да гледаме врвен фудбал во претсојниот период:
11 јуни: Севиља - Бетис (Ла Лига)
12 јуни: Јувентус - Милан (Куп на Италија, полуфинале)
13 јуни: Наполи - Интер (Куп на Италија, полуфинале)
14 јуни: Реал Мадрид - Еибар (Ла Лига)
17 јуни: Сити - Арсенал (Премиер лига)
17 јуни: Финале на италијански Куп
18 јуни: Реал Мадрид - Валенсија (Ла Лига)
19 јуни: Тотенхем - Манчестер Јунајтед (Премиер лига)
21 јуни: Евертон - Ливерпул (Премиер лига, “црвените“ би можеле да станат шампиони и математички).
Секако, до рестартот на најдобрите европски лиги остануваат уште неколку дена, па властите на овие земји се во комуникација со здравствените лица кои ја држат ситуацијата со вирусот под контрола. Навивачи на трибините нема да има најмалку уште неколку недели, а можеби и месеци.
Football is back 😍
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) June 6, 2020
June 11- Sevilla v Betis
June 12- Juventus v Milan
June 13- Napoli v Inter
June 13- Mallorca v Barca
June 14- R-Madrid v Eibar
June 17- City v Arsenal
June 17- Italian Cup Final
June 18- R-Madrid v Valencia
June 19- Spurs v ManU
June 21- Everton v Liverpool pic.twitter.com/vNpu3rozvo