Таг: премиер лига

Агуеро им направи зијан на обложувалниците

Голот на Серхио Агуеро со кој Манчестер Сити ја освои титулата, ги „ошури" британските обложувалници и за нив тоа е најскапиот гол во историјата на Премиер лигата.

Легендите од Олд Трафорд најдобри во Премиер лигата

Како мала утеха за загубената титула која им отиде во рацете на најголемите ривали, Рајан Гигс и Алекс Фергусон ги добија наградите за најдобар фудбалер и најдобар менаџер од основањето на Премиер лигата.

Идеалниот тим на Премиер лигата на сите времиња

Како дел од одбележувањето на јубилејот од 20 годишнината на Премиер лигата, Англичаните го избраа идеалниот тим на сите времиња.

Моментот кога Јунајтед ја загуби титулата

Навивачите на Манчестер Јунајтед започнаа да ја прославуваат титулата но...

Манчестер Сити шампион по инфарктна завршница

Ваква драма може да ни приреди само неговото височество - ФУДБАЛ! Манчестер Сити е шампион на Англија по пауза од 44 години со голови во 92-та и 94-та минута.

Ливерпул му се реваншираше на Челси

По поразот на финалето од ФА купот пред само три дена, Ливерпул му се реваншираше на Челси и тоа со камата. На последниот натпревар на Енфилд за оваа сезона, Ливерпул го победи Челси со 4:1.

Кокошка го прекина натпреварот Блекбурн-Виган

Навивачите на Блекбурн во знак на протест го прекинаа натпреварот против Виган со помош на една кокошка.

Само чудо ја спасува титулата на Манчестер Јунајтед

Пред само неколку кола Манчестер Јунајтед имаше осум поени предност, но сега тие заостануваат осум голови во однос на Манчестер Сити и повеќе од сигурно е дека актуелниот шампион оваа сезона ќе ја загуби титулата.

Ножичките на Руни - најубав гол во Премиер лигата

Голот со ножички кој Вејн Руни го постигна против Манчестер Сити е изгласан за најдобар во 20-годишната историја на англиската Премиер лига.

Гол на сезоната?

Ги имаме трите главни кандидати за гол на годината во Премиер лигата. Суарез, Крауч или Сисе?

Сисе против законите на физиката

Законите на физиката не важат за Папис Демба Сисе. Тој ги поставува законите при постигнување на головите.

Дербито на Манчестер од поинаков агол

Како изгледаше големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед од тунелот на Етихад стадионот.

Сити владее во Манчестер, а можеби и Англија

На првото градско дерби оваа сезона Манчестер Сити славеше на Олд Трафорд со 1:6, а овој пат на најважниот натпревар тие на домашен терен го победија ривалот Јунајтед со 1:0 и се израмнија на врвот на табелата на две кола пред крајот.

Гол-шоу во Премиерлигата

Стрелците беа многу расположени на саботните натпревари од англиската Премиер лига. Најрасположен од нив беше Луис Суарез кој го реализираше својот прв хет-трик за Ливерпул, а еден од головите го постигна од скоро пола терен.

Робин ван Перси играч на годината во Англија

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси е прогласен за играч на годината од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.

Сити на -3 пред дербито на Манчестер

Сепак трката за титулата во Премиер лигата е далеку од решена и за шампионот на Англија ќе се одлучува во понеделник, 30 април на големото дерби на Манчестер. Актуелниот шампион со нов кикс му дозволи на Сити да се доближи на -3.

Најдоброто од 20-те сезони во Премиер лига

Оваа година англиската Премиер лига го прославува јубилејното 20-то издание и по тој повод Англичаните со помош на навивачите од целиот свет ќе ги изберат најдобрите играчи, тренери, голови, одбрани, прослави, натпревари, изјави...

Уште една сензација на Виган

Пред само пет дена Виган го победи Манчестер Јунајтед, а вечерва за прв пат во својата историја славеше во Лондон каде победи на гостувањето кај Арсенал со два гола за 94 секунди.

Керол му донесе победа на Ливерпул

Енди Керол конечно даде гол и тоа победнички за неговиот тим. Ливерпул со играч помалку триумфираше по пауза од четири натпревари, а Керол го прекина постот кој траеше 517 минути.

Војчех Шчесни прослави со пиво на терен

Голманот на Арсенал, Војчех Шчесни, исклучувањето на Марио Балотели и победата над Манчестер Сити ја прослави со пиво на терен.

Арсенал победи за титулата на Манчестер Јунајтед

Екипата на Арсенал со победата над Манчестер Сити најверојатно ја реши битката за титулата во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед на шест кола пред крајот веќе има осум поени предност.

Сити нема шанси за титула со ваков Јунајтед

Навивачите на Манчестер Сити чекаат титула веќе 44 години, но ќе треба да чекаат барем уште една. Тие беа на првата позиција цели пет месеци, но сега заостануваат пет поени. Кои се причините за падот на Манчестер Сити?