Таг: премиер лига

Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон 20. титула

Додека во соседството, фудбалерите на Манчестер Сити се караат и тепаат меѓу себе, Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон одбрана на титулата. Актуелниот шампион го надигра и Блекбурн со два гола во последните 10 минути.

Премиер лигата ќе стане здодевна

Интересно саботно попладне во Англија по кое можеби се реши шампионот и Премиер лигата ќе стане здодевна. Манчестер Сити повторно киксна и му го отвори патот на ривалот Јунајтед кон одбрана на титулата.

Руни го одведе Јунајтед на +3

Како и на сите „тесни" натпревари, така и против Фулам, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, својот бес го истури на гумата за џвакање. Неубедливиот Јунајтед со минималната победа над Фулам се одвои на три поени пред Сити.

Манчестер им се истури на „волците“

По елиминацијата од Лига Европа, Манчестер Јунајтед се рехабилитираше со петарда во мрежата на Вулверхемптон и ја зголеми предноста на табелата.

Манчестер Сити ќе ја освои титулата следната година

Манчестер Сити го загуби врвот во англиската Премиер лига од најголемиот градски ривал. Но фановите на Сити не треба да тагуваат затоа што историјата на Премиер лигата вели дека ако тие оваа година завршат на втората позиција, следната година ќе ја освојат титулата.

Стивен Џерард е главен во Ливерпул

Стивен Џерард му ги дувна свеќичките од тортата на славеникот Дејвид Мојс. Тренерот на Евертон ги одбележа десетте години како е на кормилото на овој тим, но јубилејот му го уништи капитенот на Ливерпул кој со хет-трик на својот 400. настап го реши големото градско дерби.

Арсенал повторно со пресврт до победа и рекорд

Екипата на Арсенал го совлада Њукасл со гол во 95-та минута и постави нов рекорд. Топџиите се првата екипа во Премиер лигата која на четири натпревари по ред победува и покрај тоа што противникот прв бил во предност.

Нешто е труло во Манчестер Сити

Манчестер Сити ја загуби челната позиција во Премиер лигата на десет кола пред крајот. Навивачите се очајни, фудбалерите се караат, Манчини ги губи нервите, Џеко најавува заминување, а Манчестер Јунајтед си го ќари врвот.

Сити се сопна кај Свонси, Јунајтед повторно лидер

Екипата на Свонси им ги наруши плановите на Манчестер Сити и неочекувано победи со 1:0, а градскиот ривал Јунајтед тоа најдобро го искористи и со триумфот над ВБА од 2:0 се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.

Абрамович го шутна Вилаш Боаш

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович имаше (премногу) трпение со Андре Вилаш Боаш, но чашата ја прели поразот од ВБА и по точно 256 денови, Португалецот доби заслужена шут карта.

Еден е Рајан Гигс

Алекс Фергусон тврди дека Рајан Гигс е најдобриот британски фудбалер на сите времиња, а тој уште еднаш го потврди својот статус на легенда на Манчестер Јунајтед со победнички гол во неговиот јубилеен 900. настап.