Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон 20. титула

Додека во соседството, фудбалерите на Манчестер Сити се караат и тепаат меѓу себе, Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон одбрана на титулата. Актуелниот шампион го надигра и Блекбурн со два гола во последните 10 минути.

Мрежите на стадионот Ивуд Парк во Блекбурн мируваа во првите 80 минути, но шансите на двете страни не изостанаа.

Чичарито ја имаше најсериозната шанса за Јунајтед во првиот дел кога ја погоди стативата во 12-та минута, а потоа голманот Пол Робинсон успеа да ја собере топката од гол линијата.

На спротивната страна и Давид де Хеа имаше многу работа. Најпрво го одбрани убавиот удар на Хоилет од работа на шестнаесетникот, а во последната минута од првиот дел ги одбрани ударите на Олсон и Хенли.

И второто полувреме изобилуваше со шанси. Руни, Валенсија, Евра и Гигс не успеаја да ја затресат мрежата на Блекбурн, а домаќините не ги искористија шансите преку Јакубу и Нзони.

Во самиот финиш на натпреварот се разбудија Валенсија и Јанг и со два прекрасни удари го решија натпреварот.

Најпрво Антонио Валенсија во 81-та минута со силен удар од далечина ја затресе мрежата на немоќниот Робинсон, а пет минути подоцна Ешли Јанг постигна прекрасен гол од свртување.

На голот на Јанг му претходеа 37 додавања на фудбалерите на Манчестер Јунајтед што е рекорд за оваа сезона во Премиер лигата.

ПРЕМИЕР ЛИГА – 31. КОЛО:

сабота:
Астон Вила - Челси 2:4
Колинс 77, Лихај 80 - Стариџ 9, Ивановиќ 51, 83, Торес 90

Евертон - ВБА 2:0
Мекголи 18аг, Аничебе 68

Фулам - Норич 2:1
Демпси 2, Даф 13 - Вилбрахам 77

Манчестер Сити - Сандерленд 3:3
Балотели 43п, 85, Коларов 86 - Ларсон 31, 55, Бендтнер 45

Квинс Парк Ренџерс - Арсенал 2:1
Тарабт 22, Диаките 66 - Волкот 37

Виган - Стоук 2:0
Алкараз 54, Мозес 90

Вулверхемптон - Болтон 2:3
Кајтли 53, Џарвис - Петров 63п, Алонсо 80, Дејвис 84

 

недела:
Њукасл - Ливерпул 2:0
Сисе 19, 59

Тотенхем – Свонси 3:1
Ван дер Варт 19, Адебајор 74, 85 – Сигурдсон 59

 

понеделник:
Блекбурн - Манчестер Јунајтед 0:2
Валенсија 81, Јанг 86

2 април 2012 - 23:40