Навивачите на Манчестер Сити чекаат на титула од сезоната 1967/68. Борбата за трофејот во Премиер лигата е далеку од готова и покрај тоа што заморот ги стигна „граѓаните" и тие почнаа да го губат здивот во битката со најомразениот ривал, па најверојатно за титулата ќе треба да почекаат уште една година.
Во 1993-та година Манчестер Јунајтед ја освои титулата по пауза од 26 години. Блекбурн ја освои првата титула во историјата на клубот во 1995-та година. Арсенал во 1998-та година чекаше седум години на титула, а фудбалерите на Челси во 2005-та година се радуваа на првата титула по 50 години.
Заедничкото за овие тимови е тоа што сите од нив во сезоната пред да ја освојат титулата завршиле на втората позиција во Премиер лигата.
Токму затоа, статистичарите според остварувањата во модерната историја на Премиер лигата, предвидуваат дека ако Манчестер Сити заврши на втората позиција, по искуството стекнато од оваа сезона, следната година сигурно ја освојува титулата во Англија.