Рајан Гигс има освоено четири ФА куп титули, две во Лигата на шампиони и 12 трофеи од Премиер лигата.
Ниту еден фудбалер во Англија нема остварено такви успеси, а 38-годишниот фудбалер од Велс не покажува никакви знаци на старост. Тој ја потврди својата класа на својот 900. натпревар за Манчестер Јунајтед, донесувајќи му ја победата на својот тим во 92-та минута.
Уште една легенда на тимот, Пол Сколс го доведе Манчестер Јунајтед во водство во седмата минута, но Норич израмни на седум минути пред крајот.
Во финишот на сцена стапи искусниот Рајан Гигс и со гол во 92-та минута го задржа Јунајтед во борба за титулата.
„Да одиграш 900 официјални натпревари за еден клуб е неверојатно достигнување. Тоа веќе никој нема да го повтори. Рајан е сјаен човек зад кого стои исто таква кариера“, изјави Фергусон по натпреварот.
Првиот натпревар го одигра на 2 март 1991-та година, а во ноември минатата година го прослави својот 38. роденден, но изјави дека ужива во фудбалот и нема намера да се повлече.