Најглуп црвен картон на сезоната (втор дел)

Фудбал се игра на секое ќоше на планетава Земја, па така секојдневно има разни комични епизоди од разни краишта. Во Мексико, на натпреварот меѓу Мореила и Тепетлиан, гостинскиот фудбалер Брајан Мендоза при водство на неговиот тим 1-2 почнува да глуми. Добива жолт картон од судијата, па додека излегува од терен да му пружат медицинска помош, ги навредува навивачите дека плачат. Добива втор жолт и црвен картон. На крај губат 3-2 со играч помалку.

16 март 2026 - 10:08