Најглуп црвен картон на сезоната - Кин од Евертон

За време на дуелот меѓу Евертон и Вулверхемптон кој заврши 1-1, домашниот стопер Мајкл Кин кој претходно постигна гол во 17-та минута, во 83-та доби директен црвен картон откако судијата на ВАР виде каква непотребна глупост направил англискиот одбранбен фудбалер.

А не е дека во Евертон првпат добиваат глуп црвен картон. Пред неколку недели токму Кин беше удрен со шамар од неговиот соиграч Идриса Гај на сред „Олд Трафорд“ па вториов беше исклучен.

8 јануари 2026 - 12:53