„Не се тепаа, не беше тепачка. Можеше да се реши се со жолт картон. Не мислам дека требаше да биде црвен“, вели Гери Невил по незапаметената епизода во која еден соиграч му удри шлаканица на друг.
Идриса Гај (36) кој играше и за ПСЖ сега го чека најмалку три натпревари суспензија.
И покрај тоа што играше со играч помалку, Евертон направи голем подвиг и го совлада Манчестер Јунајтед на гости со голот на Кирнан Дезбури-Хал во 29' минута.
„Сакам да му се извинам прво на мојот согирач Мајкл. Сносам целосна одговорност за мојата реакција. Им се извинувам и на соиграчите, стручниот штаб, навивачите“, рекол Гај после дуелот.
КОЈ ГИ ПАМЕТИ ИНЦИДЕНТИТЕ БОЈЕР-ДАЈЕР И ФУЛЕР?
Кога Ли Бојер и Дајер се степаа меѓу себе со тупаници и клоци на сред терен во дресот на Њукасл во 2005-та светот сведочеше неверојатни сцени од оваа тепачка.
Дајер доби 7 натпревари суспензија од кои четири беа за неговиот втор црвен картон сезоната и плус дополнителни три натпревари казна од ФА.
Ли Бојер беше казнет со 30.000 фунти а истото лето го напушти Њукасл за Вест Хем.
Во меѓувреме во 2008-ма година шпицот на Стоук Фулер беше исклучен за напад врз неговиот соиграч и истопрезименик Енди Фулер кој беше капитен на екипата. Шпицот се вадеше дека со тоа сакал да го крене моралот на тимот. Остана во Стоук до 2012-та година.
„Ова е една од оние работи. Биднало-поминало и не направило посилни како заедница. Некогаш во животот негативностите можат да донесат позитивности а јас сум пресреќен што се заврши на позитивен начин“, рекол тогаш Фулер кој се посрамоти пред целиот фудбалски аудиториум.
Играчи на Евертон се степаа, падна црвен картон а го победија Манчестер Јунајтед