Челси казнет драконски: 10,75 милиони фунти и нова забрана за трансфери
16 март 2026
- Премиер лигата истражувала тајни плаќања од Челси во периодот од 2011-та и 2018-та година. Овие тајни плаќања излегле на виделина при продажбата на клубот кога американски сопственици го купија клубот во 2022-ра.
- Британски Скај Спортс пишува дека Премиер лига сега го казнила Челси за овие тајни плаќања 10,75 милиони фунти, го казнила со 1-годишна трансфер суспензија која е претворена во 2-годишна условна казна. Притоа изречена им е и 9-месечна забрана за трансфери од академијата.
- Челси сам пријавил неправилности, а во случај тоа да не го сторел ќе го чекала поголема и потешка казна. Новите сопственици воочиле неправилности и ги пријавиле во Премиер лига, во Фудбалската асоцијација на Англија и во УЕФА.
- Вкупно биле регистрирани 74 прекршоци меѓу другото нелегални исплати на агенти, финансирање од трета страна и исплати на посредници.
- Челси во јули 2023-та година постигна спогодоба со УЕФА која му изрече казна од 10 милиони евра откако сопствениците укажале на нецелосни финансиски извештаи за 2018 и 2019.