Премиер лигата ќе стане здодевна

Интересно саботно попладне во Англија по кое можеби се реши шампионот и Премиер лигата ќе стане здодевна. Манчестер Сити повторно киксна и му го отвори патот на ривалот Јунајтед кон одбрана на титулата.

Сите фудбалски сладокусци се надеваа дека ќе бидат сведоци на неизвесна завршница во Премиер лигата и на неверојатно градско дерби на 30 април.

Сепак ова задоволство најверојатно ќе ни биде скратено и трката за шампионската титула ќе биде здодевна. Манчестер Јунајтед во 31-то коло има шанса да ја зголеми предноста откако Сити повторно киксна и со 5 поени предност и многу полесен распоред до крајот, актуелниот шампиони е блиску до одбрана на титулата.

Во првиот дел од сезоната Сандерленд го победи Манчестер Сити со 1:0 и малку фалеше за тие повторно да им го земат скалпот на „граѓаните" и тоа на нивен терен. Гостите водеа со 1:3, а Манчестер Сити се спасуваше од пораз во самиот финиш.

Интересно беше и во финишот на натпреварот во Бирмингем каде по водството на Челси од 0:2, Астон Вила израмни на десет минути пред крајот, но гостите сепак стигнаа до победата.

Изненадувачки, но еден од клучните фудбалери за триумфот на Челси е Фернандо Торес кој асистираше, а и самиот постигна еден гол. Ова беше прв гол во Пермиер лигата за Торес по пауза од шест месеци.

ПРЕМИЕР ЛИГА - 31. КОЛО:

сабота:
Астон Вила - Челси 2:4
Колинс 77, Лихај 80 - Стариџ 9, Ивановиќ 51, 83, Торес 90

Евертон - ВБА 2:0
Мекголи 18 аг, Аничебе 68

Фулам - Норич 2:1
Демпси 2, Даф 13 - Вилбрахам 77

Манчестер Сити - Сандерленд 3:3
Балотели 43п, 85, Коларов 86 - Ларсон 31, 55, Бендтнер 45

Квинс Парк Ренџерс - Арсенал 2:1
Тарабт 22, Диаките 66 - Волкот 37

Виган - Стоук 2:0
Алкараз 54, Мозес 90

Вулверхемптон - Болтон 2:3
Кајтли 53, Џарвис - Петров 63п, Алонсо 80, Дејвис 84

недела:
14.30 Њукасл - Ливерпул
17.00 Тотенхем - Свонси

понеделник:
21.00 Блекбурн - Манчестер Јунајтед

31 март 2012 - 22:04