Италијанецот Роберто Манчини го предводеше Манчестер Сити до шампионската титула во Премиер лигата оваа сезона и тој е шестиот тренер кој се радувал на пехарот од оваа лига. Но ниту еден од петте тренери кои биле шампиони во минатото не е Англичанец.
Најтрофеен е Шкотланѓанецот Алекс Фергусон кој освои 12 пехари, на Французинот Арсен Венгер тоа му успеа три пати, Португалецот Жозе Мурињо два пати беше шампион со Челси, а Шкотланѓанецот Кени Далглиш и Италијаните Карло Анчелоти и Роберто Манчини по еднаш.
Најблиску до трофеј од Анличаните беше Кевин Киген кој во сезоната 1995/96 со Њукасл заостана четири поени зад Манчестер Јунајтед.
Последен Англичанец кој триумфирал во најелитното фудбалско првенство во Англија е Хауард Вилкинсон кој во 1992-та годин со Лидс триумфираше во последната сезона пред формирањето на новата Премиер лига.
Тренери шампиони:
1992/93 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
1993/94 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
1994/95 Блекбурн - Кени Далглиш (Шкотска)
1995/96 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
1996/97 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
1997/98 Арсенал - Арсен Венгер (Франција)
1998/99 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
1999/00 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2000/01 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2001/02 Арсенал - Арсен Венгер (Франција)
2002/03 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2003/04 Арсенал - Арсен Венгер (Франција)
2004/05 Челси - Жозе Мурињо (Португалија)
2005/06 Челси - Жозе Мурињо (Португалија)
2006/07 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2007/08 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2008/09 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2009/10 Челси - Карло Анчелоти (Италија)
2010/11 Манчестер Јунајтед - Алекс Фергусон (Шкотска)
2011/12 Манчестер Сити - Роберто Манчини (Италија)