Ваква драма може да ни приреди само неговото височество - ФУДБАЛ! Манчестер Сити е шампион на Англија по пауза од 44 години со голови во 92-та и 94-та минута.
НЕВЕРОЈАТНО! Само вака со еден збор може да се опише драмата која попладнево се случуваше во Англија.
Во последното коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити на домашен терен губеше од десет фудбалери на КПР и со тој резултат Манчестер Јунајтед беше на прагот на освојување на 20-та титула, но „граѓаните" со неверојатен пресврт и голови во 92-та и 94-та минута ја освоија својата трета титула по пауза од 44 години.
Залудно би било да се опишува оваа драма со зборови, па ќе се обидеме да ја доловиме атмосферата преку фотографии и видеа.