Идеалниот тим на Премиер лигата на сите времиња

Како дел од одбележувањето на јубилејот од 20 годишнината на Премиер лигата, Англичаните го избраа идеалниот тим на сите времиња.

Премиер лигата состави два идеални тима. Едниот беше избран од навивачите, а другиот од група фудбалски експерти.

Тимот изгласан од 300.000 навивачи и тимот избран од 11 експерти единствено се разликуваat во тоа што според навивачите во одбраната е Немања Видиќ и во средниот ред е Стивен Џерард, а според експертите, нивните места во идеалниот тим ги заземаат Рио Фердинанд и Рој Кин.

Идеалниот тим според навивачите (4-4-2):
Петер Шмајхел – Гери Невил, Тони Адамс, Немања Видиќ, Ешли Кол – Кристијано Роналдо, Стивен Џерард, Пол Сколс, Рајан Гигс – Тиери Анри, Алан Ширер.

Идеалниот тим според експертите (4-4-2):
Петер Шмајхел – Гери Невил, Тони Адамс, Рио Фердинанд, Ешли Кол – Кристијано Роналдо, Рој Кин, Пол Сколс, Рајан Гигс – Тиери Анри, Алан Ширер.

15 мај 2012 - 11:36