Ниту Ван Перси не му помогна на Манчестер Јунајтед

Своето деби за Манчестер Јунајтед го имаа новите засилувања Робин ван Перси и Шинџи Кагава, но тие овој натпревар нема да го паметат по добро. Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Евертон во првото коло од англиската Премиер лига.

Кагава го започна натпреварот во стартниот состав, а Фергусон се реши да го остави Ван Перси на клупата за сметка на Дани Велбек.

Фудбалерите на Евертон имаа иницијатива и беа поконкретни во текот на целиот натпревар, но не ги реализираа шансите заради одличниот Де Хеа.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Маруан Фелаини кој во 57-та минута беше највисок во скокот по изведениот корнер и ја затресе мрежата на Манчестер со удар со глава.

Во 68-та минута во игра влезе и Робин ван Перси, но и тој не успеа да му помогне на Манчестер Јунајтед, па фудбалерите на Евертон си го задржаа водството до крајот на натпреварот.

ПРЕМИЕР ЛИГА - 1. коло:

сабота
Арсенал – Сандерленд 0:0

Фулам – Норич 5:0
Даф 26, Петриќ 41, 54, Качаниклиќ 66, Сидвел 87

КПР – Свонси 0:5
Мичу 8, 53, Дајер 63, 71, Синклер 81

Ридинг – Стоук Сити 1:1
Ле Фондр 90пен - Кајтли 34

ВБА – Ливерпул
Гера 43, Одемвинги 64пен, Лукаку 77

Вест Хем – Астон Вила
Нолан 40

Њукасл – Тотенхем 2:1
Ба 55, Бен Арфа 80 - Дефо 76

недела
Виган - Челси 0:2
Ивановиќ 2, Лампард 7пен

Манчестер Сити – Саутемптон 3:2
Тевез 41, Џеко 72, Насри 80 - Ламберт 59, Дејвис 68

понеделник
Евертон – Манчестер Јунајтед 1:0
Фелаини 57

20 август 2012 - 23:06