Таг: нба

Можат ли европските тренери во НБА?

Во последно време сè повеќе тренери од Стариот континент, како асистенти заминуваат во НБА за да го докажат својот квалитет на највисоко ниво. Блат доминираше во Европа, но дали ќе се снајде како прв тренер со Леброн во најсилната кошаркарска лига на светот?

15 НБА ѕвезди во годината пред да влезат во НБА

Откако и официјално ќе ги драфтуваат во НБА, новите играчи одат на летен НБА камп каде што покажуваат што знаат пред да влезат во машинеријата. Речиси и да нема играч што не играл во овие кампови.

Перо останува во НБА

Славниот македонски крилен центар уште една година ќе биде дел од најквалитетната кошаркарска лига во светот во составот на „Јастребите“.

Спарси му одржаа нова лекција на шампионот

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се на чекор до освојување на шампионската титула во НБА лигата, откако синоќа повторно го прегазија тимот на Мајами Хит на гостински терен и поведоа со 3:1. 

Дебакл на Мајами во едно полувреме

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс одиграа меч за паметење во третата финална пресметка од НБА плејофот и го прегазија актуелниот шампион со 71 поен кои успеаа да ги постигнат и тоа само во првиот дел.

Средношколецот кој е печен за НБА

Има само 17 години, висок е 188см и прави потези кои не им успеваат ниту на големите мајстори во НБА лигата. Кве Паркер е идната кошаркарска ѕвезда и потенцијалниот победник во натпреварот по забивања на Ол стар викендот.

Мајами го возврати ударот

Идентично како во минатогодишната финална серија кошаркарите на Мајами Хит израмнија на 1:1 во вториот меч против Спарси. Творец на победата беше „Кралот Џејмс“ кој го реши мечот во последната четвртина.

Спарси поведоа во големото финале

Започна големото финале на НБА плејофот и тоа со победа на Сан Антонио Спарс. Првиот натпревар од финалната серија го одбележа големата топлина, повредата на Леброн Џејмс и серијата на Спарси во последниот период.

НБА финалињата од Џордан до Леброн Џејмс

Оваа сезона во најсилната кошаркарска лига во светот беше посебна за нас затоа што се гордеевме со дебитантот Перо Антиќ. Вечерва стартува кулминацијата наречена финале со истите протагонисти од минатата сезона Мајами Хит и Сан Антонио Спарс. Одиме со една мини историја со најдраматичните и најинтересните моменти од финалните серии.

Стив Балмер, некогаш и денес

Денеска секој збор му вреди злато и секоја нијанса во изговорот може да предизвика тектонски пореметувања во светот на технологијата. Назад во 1986-та година звучеше како да ќе заврши на некој Камени мост, викајќи "ајмо жилете, камен за пете".

Стив Балмер го купува ЛА Клиперс

Поранешниот прв човек на Мајкрософт, Стив Балмер ја доставил најдобрата понуда за купување на НБА тимот ЛА Клиперс откако досегашниот сопственик Доналд Стерлинг беше принуден да го продаде клубот заради расистичките испади.

Ако трепнеш ќе го пропуштиш кошов

Во кошарката 0,1 секунди не се загубено време за нови поени. Тоа ќе ви го докаже Ник Колинс од Оклахома на конференциското НБА финале против Сан Антонио.

Оклахома и Индијана во конференциските финалиња

Познати се сите финалисти во двете конференции на НБА Лигата. На западот ќе играат Сан Антонио против Оклахома, а на истокот Индијана против шампионот Мајами.

Крај на дебитантската НБА сезона за Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс го загубија седмиот решавачки натпревар против Индијана Пејсерс и се елиминирани од плејофот на НБА лигата.

Најсмешното од НБА

НБА лига е повеќе од обична кошаркарска лига. Тоа е забава за целото семејство, а многу често е забава во вистинска смисла на зборот. Ова се најсмешните ситуации од регуларниот дел на сезоната.

Атланта и Индијана ќе решаваат со мајсторка

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија од Индијана и не ја искористија шансата на домашен терен да си обезбедат пласман во следната плејоф рунда.

Како Стерлинг ќе направи богатство од расизмот

За тие што не ги читаат статиите под нет-рулет, Доналд Стерлинг е сопственикот на Клиперси кој е снимен како на својата девојка и кажува "веќе да не му носи црнци на натпревари и да не се слика со нив." Ова предизвика невиден скандал (за кој се изјасни и Обама), кој заврши со тоа што Стерлинг е казнет со 2,5 милиони долари и бркање од НБА. Пресметковно, Стерлинг е жив ќар од ова.

Како Кевин Гарнет стана најплатен во историјата на НБА

Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.

Атланта и Антиќ на чекор до втората рунда

Кошаркарите на Атланта Хокс успеаа да слават уште една победа на теренот на Индијана Пејсерс и поведоа со 3:2 во плејоф серијата на НБА лигата.

Антиќ промаши тројка за продолжение

Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.

Атланта поведе против Индијана

Кошаркарите на Атланта Хокс ја совладаа Индијана на првиот натпревар на домашен терен и поведоа со 2:1 во плејоф серијата на НБА плејофот.

Атланта потклекна во Индијанаполис

Кошаркарите на Атланта Хокс имаа солидно водство, но не издржаа до крај и им дозволија на Пејсерси да израмнат на 1:1 во плејоф серијата.

Очајната одбрана на Харден

Џејмс Харден е еден од најефикасните играчи во лигата кога станува збор за офанзивниот дел од теренот, но кога игра во одбрана тој е како изгубен Германец. Еве неколку докази.