Стив Балмер, некогаш и денес

Денеска секој збор му вреди злато и секоја нијанса во изговорот може да предизвика тектонски пореметувања во светот на технологијата. Назад во 1986-та година звучеше како да ќе заврши на некој Камени мост, викајќи "ајмо жилете, камен за пете".

Ноевмри 1985-та година Мајкрософт го вади Windows 1.0. Една луда графика и најбитната новина - саат! Изгледаше вака:

За да ја подбутне продажбата, наредните месеци денес легендарниот Стив Балмер снима реклама која изгледа вака (бтв, забележете дека Виндоусот се нарачува на поштенски фах):

--------------------------------------------

Речиси 30 години подоцна, Стив Балмер има многу причини да биде задоволен.

Попрецизно, има 20 милијарди причини да биде задоволен, колку што во долари тежи неговото проценето богатство, што го прави 34-от најбогат човек на светот. Деновиве е актуелен поради најавите дека е подготвен да даде 2 милијарди долари за да го купи НБА тимот Л.А. Клиперс од екскомуницираниот Доналд Стерлинг.

Има харвардска диплома по математика и економија иако додека бил на Харвард, најмногу време посветувал на тренирање на тамошната рагби екипа. Вели дека тренерската работа го научила многу работи кои му биле подоцна битни во бизнисот. "На пример, во еден ден требаше да им ги запамтам имињата на 100 рагбисти, за да можам да излезам пред нив. Инаку, на човек не му се излегува пред таква толпа ако не е тотално спремен", се сеќава Балмер.

Има куќа од 10 милиони долари во Хантс Поинт, на Вашингтонското Езеро. 15 минути возење до кампусот на Мајкрософт во Редмонд. 

А ден денес вози скромен Форд. Заради татко му кој работел во фабриката и заради тоа што е близок другар со актуелниот ЦЕО Ален Мулали кој во 2012-та му помогна да го реорганизира Мајкрософт.

Сака голф ама најмногу од сè е окупиран со работата. Моментално вели дека се ребутира. "Јас не џогирам, не возам велосипед, не правам ништо. Јас работам. Комплетно сум вшмукан во работата. Тоа е страшно забавно."

И, како што видовте во клипот, постојано е гласен. Освен по една продажна сесија во Јапонија по која завршил на операција на гласните жици затоа што премногу се дерел: Виндоус! Виндоус!

31 мај 2014 - 11:05