Таг: музика

Надја Буланже, или највлијателниот педагог по Сократ

Списокот на оние на кои таа им има предавано изгледа како енциклопедија на највлијателните музичари на 20 век. Била и прва жена-диригент на најголемите симфониски оркестри во Европа и САД.

Како корејскиот поп стана глобален феномен?

Го викаат „Халју“ (Hallyu), или корејски бран, што го означува порастот на глобалната популарност на јужно-корејската култура од 1990-тите. Денес оваа земја станува глобален извозник на популарна култура во светот, а во тоа се вклопуваат и тековните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.

Макијавели бил и музичар

Иако е најпознат како автор на „Владетелот“, Николо Макијавели одиграл значајна улога во историјата на музиката.

Заборавената Њујорчанка која ја променила музичката сцена на 80-тите

Кога дечките од Њу Ордер пристигнале во Њујорк за нивните први американски свирки во 1980, биле пречекани од букинг агент, дилер, туристички водич и личен готвач во едно. И тоа олицетворени во ликот и делото на една девојка.

2018 и понатаму: како ќе се развива музиката во иднина?

Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.

100-те најдобри песни на 2017

Ако сакате да проверите до каде сте со годините и колку имате изгубено осет што денес се смета добра нова музика, фатете разгледајте ја листата на 100 најдобри песни на 2017 според Нојзи, а да се разбереме, Нојзи знаат што е добра музика.

Еволуција на ексју-музиката

Двајцава момци и копијата на Јул Бринер се нафаќаат на еден веќе повеќекратно виден потфат на Јутјуб, ама не и во локална варијанта - препејување на неколкудеценискиот развој на музиката. Да не бидеме нешто нагло изненадени или увредени, како и до сега и тука под ексју-музика се опфаќа само просторот меѓу Блаце и Словенија.

Најјакиот момент во аргентинска трета лига со музика од Роки

Толку имаат сенс и страст за фудбалот што во секоја пригода знаат како да смислат нешто интересно. Трета лига, гужва меѓу играчите, ескалација на нервоза а од трибините се слуша музика од легендарниот Роки.

Откачени нотни записи

Како и во секоја професија, и во музиката си постои жаргон кој служи како некој вид „код“ за разбирање на оние кои се бават со неа. Како на пример кога за некој што не ги следи баш нотите ќе кажеш дека „брљави по текстот“. Но понекогаш самите нотни записи содржат нестандардни коментари, кои би требало појасно да ја пренесат идејата на авторот.

Неколку песни што погрешно ги имаш сфатено

Изборот е од Сиенен на поп-рок, па и не е така страшно што само чекаш да дојде рефренот за да го рокаш. Страшно е кога имаш свадба со Розо моја од Ибуш (Ние двајца многу можевме / А среќа немавме да се земеме), Туѓа си бескрајно на Ефто (Оној што силно љуби мора да губи /
Туѓа си бескрајно), Ерген одев од сите (Се оженив мајко, злото ме нападна).

Како да преведеш музика на јазикот на глувонемите?

Во 1990 американскиот Конгрес носи закон (Americans With Dissabilities Act), според кој на големите концерти треба да има толкувач за глувонемите лица. Но дури и професионалните дефектолози до тогаш се немале соочено со ваква задача - да пренесеш не само значење на одреден збор, туку на идеи кои се органски поврзани со звуци. Една од толкувачките одлучила да стане покреативна.

Милошевиќ го почна заглупувањето народ со музика, сега цел свет го презема

Гледаме дека заглупувањето е глобален бренд, а тоа што ние оглупевме преку музика пред остатокот од планетата оди во прилог на тоа дека барем во нешто сме први.

Најди што музика ти се слуша

Внесуваш бенд / музичар што ти прави мерак за слушање, он ти вади цел облак други имиња што би требало да ти легнат на вкусот.

Музиката ги соблазнува машините

„Уметниците преземаат ризици кои еден технократ никогаш нема да ги преземе. Уметникот ризикува сè во сè што прави. Ризикот е она што го одделува уметникот од занаетчијата. Уметноста не е кариера, таа е копнеж,тежнение, одговор на повик.“

Aмазонското племе што ја руши теоријата за вродените музички вкусови

Цимане, население кое живее во Боливија, го става под знак прашалник досегашното сфаќање за тоа зошто (и дали воопшто) луѓето повеќе сакаат хармонични созвучја, а не дисонантност.

Кога музиката служи за мачење

Звукот може да биде силно оружје, како на протестни маршеви или активистички собири, кога служи за промоција на некоја благородна идеја и за сплотување. Но што е со онаа музика која се користи за тортура?

1971 била најдобрата година за рокенрол

Заради приватни причини имаме причина да го делиме ова мислење на музичкиот новинар Дејвид Хепворт, изнесена во негова нова книга. Ама годината си е јака, исто како и музиката создадена во тоа време. 

Aндерграунд супер-клуб каде музиката го одредува менито

Додека студирал музика, Филип Гелб имал јак ментор: големиот џез музичар Сем Риверс. Познат по импровизирањето, тој во едно њујоршко студио често знаел да собере музичари, за заедно да „џемуваат". Сега и Гелб го прави тоа, ама го комбинира искуството со храна, инспирирана од свирката.

Koга музичарите бојкотираат

Од Брус Спрингстин до Били Холидеј, уметниците реагирале и реагираат на она што сметаат дека е неправда, за да го привлечат јавното внимание и да придонесат за одредена кауза. Не се секогаш успешни во тоа, но барем се трудат.

Колку денес се слушаат најдобрите на сите времиња

Споредбата на популарноста на музиката некогаш и музиката денес се чини невозможна затоа што порано таа се продаваше во физички облик (плочи, касети, цд-а) а денеска таа се стримува. Но, можеби може нешто да се добие со споредба на двата параметри.

Автопат што пее

Автопатиштата нам ни асоцираат само на една работа - досада. Возиш брзо и едвај чекаш да стигнеш од точка А до точка Б, без многу-многу да те интересира пејсажот или стоењето по бензински. Ама властите од Албукерки, Њу Мексико, се досетиле како да му дадат шмек на ваквото патување.

Прв официјален албум снимен на тортиља

Музичарот, продуцентот и соработник на Бјорк, Метју Херберт, тукушто објави албум што се јаде. Додуша, неговиот наслов е - „Тешко дека ова може да е вкусно".

Oдличниот музички вкус на Берни Сандерс

Во комплициран предизборен процес којшто на крај успеавме да го сфатиме објаснет преку Лего, Берни Сандерс за ептен малку загуби од Хилари Клинтон во Ајова. Но затоа многумина добро го запамтија неговиот говор по објавувањето на резултатите, и тоа најмногу заради музиката со којашто заврши.

Музиката од „Синема парадизо" со различни инструменти

Италијанскиот филм од 1988 кој на времето доби Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје веројатно сте го гледале, а можеби сте пророниле и некоја солза. Трогателниот ефект во голема мерка го прави музиката на Мориконе постариот (Енио) и помладиот (Андреа).