Откачени нотни записи

Како и во секоја професија, и во музиката си постои жаргон кој служи како некој вид „код“ за разбирање на оние кои се бават со неа. Како на пример кога за некој што не ги следи баш нотите ќе кажеш дека „брљави по текстот“. Но понекогаш самите нотни записи содржат нестандардни коментари, кои би требало појасно да ја пренесат идејата на авторот.

Она што денес го подразбираме под стандарден систем за запишување (и читање) музика има поминато низ долга еволуција. Како што и буквите понекогаш не се доволни да го пренесат значењето на книжевниот текст, така и нотите знаат да се покажат како „суви“ означители, на кои им треба и малку дополнителен мастраф за да стане јасно за што станува збор. На пример, откачени забелешки на композиторите на нивните нотни записи.

Сајтот Класик.фм објави такви бизарни белешки, кои варираат од „темпо како на документарец“ или „продолжи игнорирајќи го диригентот“. Еве неколку од нив:

Композиторот Ѓерг Лигети експериментира со екстремни тоналитети - нешто како „дерење со кафански глас“ или „тивко како да си во библиотека“ (fffffff - ептен фортисимо и pppppp - скроз пиано)

Свири „како да си се напил премногу вино“ и „роботски“? Најпрецизната изведба веројатно би требало да вклучи и вистински чаши вино на пијаното после кои веќе во следниот такт стануваш зомби.

А про по вино, царот на откачената нотација, Ерик Сати, кој вклучува забелешки како imbibet - свири како напиен, или corpulentus - „корпулентно“ (тешко, јако) свирење

Ознака за „несоцијално“, односно „свири без да сликаш и да постираш на Фејсбук“ - и онака ви-фито во оркестарската „дупка“ не фаќа баш-баш.

И две за финале - музички скок со стап во вселената, 

...и буквално сплотување со инструментот при ситуација на „најфортисимо на свет“.

 

6 мај 2017 - 10:46