Таг: музеј

Би спиеле ли во слика на Едвард Хопер?

Навистина не е тешко да се замислите среде слика на овој американски уметник, како гледате низ прозорец од спалната или слушате тивка музика во некој бар доцна во ноќта. Ама сега може и да спиете во соба дизајнирана според негово дело.

Во Загреб се отвори музеј на мамурлакот

Ако имате приказна за свое пијанство на која не сакате да се потсетите, но на која често ве потсетуваат, тука е новиот музеј кој може да ја овековечи како дел од својата поставка.

Час по историја на уметност наместо појавување на суд

Горниот хаштаг можеби звучи дефетистички. Но наместо досегашната пракса да сугерираме добри идеи со надеж дека тие некогаш би се примениле кај нас, ќе почнеме да ги третираме под судбински запечатеното „далеку сме ние од...“.

Се отвoра нов музеј на Курт Вонегат

Во 2011 во Индијанаполис, родниот град на Вонегат, се отвори мал музеј и библиотека, во премал, дониран простор. Наскоро стана јасно дека тој не може да ги собере сите документи и предмети. Вработените направија кампања и собраа 1,5 милион долари за да се преселат во ново и подостоинствено место во истиот град. Од 22-28 септември тој е отворен за „ѕиркање“ пред официјалното отварање.

Букбокс од лице место: На гости кај Ајнштајн во Берн

Без оглед дали во Музејот на Ајнштајн ќе одите како на научен аџилак, или само за да си купите маица со неговата слика со исплазен јазик, тука ќе дознаете многу повеќе отколку што сте очекувале. На пример дека човекот имал и кец во свидетелство, дека никогаш не носел чорапи и дека парите од Нобеловата ги вложил во станови кои потоа ги издавал. Мислете си вие дека физичарите се луди...

Посетител на музеј успеал да отвори мистериозен сеф

Турист, чија професија не се открива, ги погодил бројките на 900 килограми тешкиот сеф затворен со децении. 

Заборавениот музеј на забранета уметност во Узбекистан основан од електричар

Сместен е среде никаде, но поседува една од најголемите светски збирки на авангардна уметност, која била спасена од чистките на Сталин. Херојот бил еден електричар.

Прв музеј во светот посветен на стомакозборците

„Вентрилоквизам“ е комплицираниот назив на сега подзаборавената вештина на зборување од стомак. Еден американски музеј е дом на скоро 1000 кукли чиј глас оживувал на овој начин.

Канадските доктори наскоро ќе препишуваат посета на музеј на рецепт

„Уметноста исцелува“ е филозофијата зад нова иницијатива на Монтреалскиот музеј на убави уметности, со која на докторите ќе им се овозможи да препишат посета на музеј наместо апчиња.

Музеј на грозната храна

На 29 октомври во Малме, Шведска, се отвара институција која ќе се занимава со обратното од гурманлук - со нашите гастрономски хорори.

Прв интерактивен музеј посветен на марихуаната

Канабишн е новоотворен музеј во Лас Вегас, кој се рекламира како иднина на туризмот со канабис. Во него можат да влезат посетители постари од 21 година, и да се запознаат со културата на пушењето „трева“.

Што точно изгоре во големиот пожар во Националниот музеј во Бразил?

Иако огромната штета сè уште се проценува, она што со сигурност се знае е дека со пожарот кој изби во неделата навечер во Рио се уништени поголемиот дел од 2 милиони артефакти, и колективна меморија на цела нација. 

Музеј на гревот (не е за луѓе со слаб стомак)

Откако 35 години работел во мртовечница, Јури Шчукин собрал морничава збирка на унакажани остатоци или цели тела на „грешници“, и формирал музеј, надевајќи се дека грозните глетки ќе превенираат посетителите да западнат во истите проблеми како и некогаш живите експонати.

Копачките на Салах во музејот на Британија како симбол на Египет

Британскиот музеј ги прикажува копачките adidas на Салах со кој Египќанецот сезонава одигра невозможно и ги освои сите награди во англискиот фудбал.

Родниот град на Мусолини ќе отвори Музеј на фашизмот за да ги едуцира радикалните десничари

Предапио, според неговиот сегашен градоначалник, станал „италијански Чернобил“ во смисла на тоа дека е „загаден“ од орди нео-нацисти кои го посетуваат гробот на Мусолини. Тој нуди решение за нивно едуцирање. Нека му е со среќа.

Холандскиот град чиј назив постојано се менува

Leeuwarden, Ljouwert, Liwwadden, и уште стотици варијанти низ вековите - европскиот главен град на културата за 2018 е рекордер по број на имиња кои му биле давани низ историјата.

Oтворен музеј на баклавата во Турција

Ова може да изгледа како наивен обид за оттргнување на вниманието од позначајни теми. Но баклавата е културолошки многу побитна отколку што можеби изгледа на прв поглед, и освен слаткиот вкус го има и оној горчливиот, на политиката.

Музеј во Париз ќе дозволи голи посетители за Денот на нудизмот

Ако во мај ве води патот накај Париз, и ако случајно по пат ви се загуби куферот, тоа ќе ви дојде таман за да посетите изложба на која услов е да не бидете облечени. Ако успеете да најдете карта.

Kучето вработено во музеј

Не е сиже на лектира за второ, ниту наслов на цртан филм. Вистинско куче, и тоа ловечко, e исто така вистински музејски работник. Со специфична задача.

Како се мести изложба во МоМА

Имаш врвни уметници и врвни дизајнери, и џабе ти се они ако не се жените и мажите во бекстејџ на музеите и галериите, задолжени со пакување, распакување, пазење, чистење, средување, редење, и што уште не, на уметничките дела пред тие да ти се појават пред очи.

Дали може да се разболиш од одење во музеј?

Не мислиме на некаква метафоричка болест која се фаќа од посета на места обременети со идеологија и историја, и со артефакти кои асоцираат на нив. Зборуваме за многу физички болести кои се фаќаат ако фаќате предмети во музеј, a кои ги фаќале многумина пред вас

Музејот што испраќа дела од својата колекција преку СМС

Испраќаш порака до нашиот Музеј на современа уметност со клучни зборови „жешко лето“, а тие ти испраќаат слика од „Капачките“, серија скулптури на Анета Светиева. Епа истото тоа, ама во Сан Франциско. 

Шведска отвора музеј на утките

Во јуни во Шведска ќе биде отворен музеј посветен на неуспесите. Зад него стои човек кој е фасциниран од апсурдноста и урнебесната погрешност во која влегле компании сакајќи да го развиваат својот бизнис. „Успехот е досаден“, порачува тој. И стварно.