Оваа акција е планирана до финалето на Лига на шампиони кое се игра на 26 мај во Киев - Салах и неговиот Ливерпул ќе играат против Реал Мадрид.
„Копачкиве ја раскажуваат историјата на современата египетска икона која што игра во Велика Британија но има влијание врз целиот свет. Нам ни е чест да биде дел од проектот за секојдневниот живот во Египет во ХХ-ХХI век“, изјавил кустосот на музејот во кој има експонати од Древен Египет и Судан, Нил Спенсер кој додава:
„Неодамна Рори Смит пиша во NY Times дека головите на Салах имаат уште едно важно значење. Кога тој ќе ја затресе мрежата и ќе клекне на молитва, бучниот Енфилд на пар секунди притајува во знак на уважение на религијата на Салах - и тоа е мошне важно како во целина така и за младите во Британија, каде после референдумот за излез од Европска унија сите разговори за националностите и верата се со повисок тон“.
Мохамед Салах ја одигра најдобрата сезона во кариерата - стана најдобар стрелец и играч во Премиер лига, стигна со Ливерпул до финалето на Лига на шампиони, а со репрезентацијата на Египет обезбеди пласман на едно Светско првенство каде Египќаните не биле од 1990 година.