Таг: музеј

Шведска отвора музеј на утките

Во јуни во Шведска ќе биде отворен музеј посветен на неуспесите. Зад него стои човек кој е фасциниран од апсурдноста и урнебесната погрешност во која влегле компании сакајќи да го развиваат својот бизнис. „Успехот е досаден“, порачува тој. И стварно.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

Како си поминавме во Музејот за деца во Софија

Прво - бевме без деца. Ама тоа не само што не ни пречеше, туку беше повод да си ја освежиме љубопитноста. Детскиот научен центар, отворен пред една година во нашето соседство, ја враќа вербата во музејот како жива, а не „здрвена“ институција, во која не смееш ништо да пипнеш.

Музеј чија намена е да им поттикне спомени на болните од Алцхајмер

Музејот на стариот град во Аархус, Данска поседува збирка која навидум не се разликува од типичните за ваков тип музеј - градска облека, делови од стар мебел, фотографии на некогашни жители. Но еден дел од музејот е баш необичен.

Словенци ајварот, барокот ни го дрпнаа - Мексиканци

Во град во јужно Мексико е отворен првиот музеј на светот посветен на барокот. Немаат ништо наше. Може треба да им понудиме.

Контроверзен Музеј на маченици во Данска

Што мотивира некои луѓе да си го дадат животот за некаква кауза? Една изложба-перформанс посветена на оваа тема се обидува да даде одговор на ова прашање. Притоа во поставката, едни покрај други, ja вклучува Јованка Орлеанка и терористи од неодамнешни напади, чии рани сè уште зацелуваат.

Музејска изложба целосно направена од деца

„Куратор" освен на безобразно, асоцира на човек со куп дипломи и долго искуство со организирање изложби. Но една нова поставка во Националниот музеј во Варшава покажува дека за да составиш изложба доволно е да си - дете.

Нонсеум или уметноста на неуспехот

Чинија со дупки, за оние кои се на диета. Комбинација на лопата со фотеља, за мрзливи градинари. „Фејсбук" или книга со огледалца во кои се гледате себеси - ова е мал дел од пронајдоците во Нонсеум, или музејот на пропаднатите и тотално бескорисни идеи. Демек сите други се спротивно на ова.

Реквизитите од „Брејкинг бед" во колекцијата на Смитсонијан

Националниот музеј на американската историја Смитсонијан, како што гласи неговиот официјален назив, во својата збирка ја има шапката која ја носел Линколн вечерта кога бил застрелан, знамето кое го инспирирало Франсис Скот Ки да ја напише американската химна, а сега и „кристалот“ на Волтер Вајт.

Музејска уметност која носи астрономски суми

Во Реал Мадрид се креваат трофеи и се носат големи ѕвезди благодарение и на музејот, кој е меѓу главните извори на заработката со по неколку нули. Во музејот на Бернабеу, влезницата изнесува 19 евра, а за оној на Камп Ноу 23 евра.

Mистеријата на збирката на Ерих Шломовиќ

Неодамна, во саботниот печатен додаток за култура на српска „Политика" (пријател ни ги собира и ни ги дава топтан) излезе долг текст, во две продолженија, посветен на случајот Шломовиќ и неговата славна збирка уметнички дела, во која најинтересниот артефакт е всушност една - тетратка.

Отворен Музеј на срањето

Во овие усрани времиња, убаво е да се знае дека изметот, освен за да пливаш во него или да го мачкаш по оние кои сакаш да ги оцрниш, може да служи за нешто убаво - за од него да направиш музеј, во којшто ќе ја славиш неговата корисност.

Најголемата збирка пениси во светот

Во рубрикава веќе пишувавме за Фалолошкиот музеј (или музејот на пениси) во Исланд, кој вклучува 290 фалуси на цицачи, меѓу кои и петнаесет модели од овој скапоцен орган на членовите на нивната национална ракометна репрезентација. Но во светот има уште најмалку една голема збирка на уметност инспирирана од него.

Сте чуле ли за славниот шведски уметник Ике Андрјус?

Дали правите разлика меѓу постер од 10 евра кој се продава во Икеа и врвна уметност? Life Company, холандска продукциска компанија, ги мами посетителите на Музејот на современа уметност во Арнхем, сугерирајќи им дека постерот е всушност концептуално дело на уметник, чии дела вредат милиони.

Ноќна прошетка низ Тејт со робот

Од утре, 13-ти август, па во следните пет вечери, со логирање преку интернет ќе можете да талкате низ галериите на британскиот музеј, контролирајќи еден од четирите роботи.

Еротски рељефи во Музејот на Лондон

На 14. фебруари посетителите ќе имаат можност да ги видат „мрсните" страни на животот во 18. век. Серијата еротски рељефи кои прикажуваат разно-разни сексуални позиции ќе бидат изложени за прв пат.

Сувомеснати уметнички дела

Божикните пости поминаа, па можеме без грижа на совест да ви го откриеме најновиот музеј отворен во Италија, посветен на - саламите.

Како музеите да станат секси?

Природно-научниот музеј во Лондон пред Нова година понуди целовечерна забава и преспивање во неговите простории. Најголем проблем со кој се соочуваат организаторите на ваквите настани - секс помеѓу посетителите.

Најдоброто од исландските ракометари

Не знам просто од каде да почнам со овој текст. На некои вести едноставно човек останува со подзината уста...

Самозапалување на еден музеј

Музејот на современа уметност во Казорија, близу Неапол, почна да ги пали делата од својата колекција, во знак на протест заради намалувањето на буџетот на институциите од областа на културата. Директорот на музејот, Антонио Манфреди, лично ја запалил првата слика.