„Името звучи познато", вели една госпоѓа во видеото, гледајќи одблиску во постерот на извесен Ике Андрјус, свечено поставен на сталак во галеријата. Водителот - облечен како карикатура на експерт по историја на уметност, со елече, бушава коса и наочари - ги поттикнува соговорниците да му ја коментираат содржината и стилот на сликата, на којашто има брод, пајак, шише и кит. „Јасно е дека се работи за некој вид симболизам", „има тука носталгични атрибути" и „ова е претстава на хаосот во умот на сликарот" се само некои од коментарите. Истовремено, финансиски сликата е проценета од скромни 1,000 евра до 2,5 милиони.
Кога на крајот водителот им кажува дека сликата е само обичен постер од Икеа кој чини 10 евра, некои се смеат, ама други пак се лути што наседнале на лажниот елитизам (штом е нешто во музеј и 'експерт' ни вели дека е вредно, тогаш тоа мора да е така).
Од друга страна, идејата на самата компанија Икеа е сосема поинаква - таа годинава ќе покани 12 улични уметници од светот да создадат ограничена серија постери за брендот, токму за да покаже дека таа - уметноста - не мора да биде од „високото добро утро".
Погледнете го видеото: