Чарли Лесли, кој денес има осумдесетина години, добар дел од животот посветил на собирање хомоеротска уметност. Тој, заедно со о неговиот сега починат партнер, Фриц Ломан, во 1987 го основал Музејот на геј и лезбејска уметност на Лесли и Ломан, а како реакција на кризата со ХИВ/сидата-та од тоа време.
Колекцијата е лоцирана на Менхетен, и се состои од стотици прикази на голи машки тела, како и скулптури, постери, украси за на маса или граничници за книги. Некои од нив се потпишани од славни уметници како Меплтроп, Ворхол или Кокто.
Приказната зад неа е во суштина тажна, бидејќи голем дел од музејските предмети се дела кои се откупени од семејствата на уметниците кои умреле од сида. Во она што повеќето од нив гледале срамен отпад, Лесли видел вредни парчиња кои треба да се спасат. Сето ова е опишано во нова книга под наслов „Уметноста на гледањето" од Кевин Кларк, чии претходни дела ја вклучуваат студијата „Порно - од Енди Ворхол до Икс-тјуб". Новата книга според него не е само биографија на еден колекционер, туку повеќе дел од геј културната историја.
Најновата изложба пак во рамки на Музејот се отвара задутре, 15.5, под наслов „Интерфејс: заедниците на квир уметниците формирани преку социјалните медиуми" и се однесува на њујоршки уметници кои работат во различни медиуми, а кои почнале да соработуваат или се спријателиле преку социјалните мрежи.