Museo della Merda (Музеј на срањето) е нова институција во Италија, во која летово ќе биде поставена изложба документи и информации за културата, технологијата и историјата на изметот. Се наоѓа на фармата Кастелбоско во Пјаченца, која произведува млеко за сирењата под етикетата на Грана Падано. Таа е дом на 2,500 супер-ефикасни крави со педигре, кои секојдневно произведуваат 30,000 литри млеко и 100,000 кила лепешки. Ова срање сопственикот на фармата, Џиантонио Локалети, го има трансформирано во футуристички еколошки проект, давајќи му ја на изметот (или поточно враќајки му ја) вредноста којашто ја заслужува.
Изложбата, којашто е сместена во придружниот замок, содржи серија инсталации посветени на трансформацијата, односно на способноста природните супстанци да се користат во практични цели, но е истовремено и метафора за поздравата врска помеѓу човекот и природата. Од светиот инсект-скарабеј (по наше - лепешкар) во Египет, којшто е истовремено симбол на музејот, преку користењето на изметот во конструкции во традиционалната архитектура, до најнови истражувачки и уметнички продукции посветени на употребата и рециклирањето на ѓубрето - срањето како што покажува изложбата е комплексна тема, и во материјална, и во концептуална смисла. Со други зборови, дека срањето не е „срање“.
Тука официјалната страница на Музејот, а подолу видео (на италијански) во врска со неговите поставки.