Таг: коронавирус

Зошто виролозите се поделени околу карантинот?

Главната мантра што периодов непрестајно се повторува е „израмнување на кривата“, што треба да спречи преплавување на здравствените системи низ светот со неподнослив број на пациенти, и нивно последователно крахирање. Ова пак се постигнува со само-изолација, која речиси неизбежно е на пат да стане 24-часовен карантин.

Германија тестира над 50.000 луѓе секој ден

Со оваа стапка на тестирања од почетокот на ширењето на коронавирусот во Германија се опфатени речиси 920.000 лица.

Италија наспроти Кина: зошто некои култури подобро се справуваат со патогени?

Гад Саад е еволутивен психолог, кој во основа го тврди следново: колективистичките култури се развиле онаму каде што историски имало поголема опасност од патогени. И тие денес се оние кои најдобро се снаоѓаат во ситуацијата.

САД имаат нуклеарен носач на авиони со над 100 заразени морнари со ковид-19

Капетанот на нуклеарниот носач на авиони УСС Теодор Рузвелт во очајнички апел побара од американската морнарица да му испрати медицинска опрема која ќе дозволи третман на над 100-те заразени морнари и нивна изолација за да се избегне ширење на болеста на целата посада. На бродот во моментов има 4.000 лица.

Туркменистан го победи коронавирусот, со тоа што го забрани

Секаква употреба на зборот „коронавирус“ од сега е забранет во Туркменистан, а заедно со тоа се забранува и носење маски во јавност. Може ќе изгледа како коинциденција, ама Туркменистан е и една од ретките држави кои до сега немаат пријавено ниту еден случај на коронавирус.

Трамп прогнозира до 240.000 жртви од коронавирус во САД

И претходно кога даваше прогнози, американскиот претседател зборуваше за 100.000 жртви како оптимистички исход, и дека ако им успее таму да го запрат вирусот дека ќе треба да си честитаат. Вчера за прв пат спомна дека по ново се пресметале дека вирусот може да однесе 240.000 животи.

Коронавирусот веќе има убиено повеќе Американци отколку нападите од 11-ти септември

Едно од прашањата што произлегува од оваа споредба е: ако САД по нападите почнаа глобална војна против тероризмот, дали досегашниот биланс на жртви е доволен за САД да започне глобална војна за заштита на човековото здравје?

Треба да почнеме да фрламе пари од хеликоптер

Процените се дека САД кварталов ќе го завршат со намалување на БДП-то за 24%, и невработеност од 41%, што е 4 пати повеќе отколку во време на Големата рецесија. Како што докторите гинат да ги спасат пациентите, така овие задолжени за пари се решаваат на досега незамисливи мерки, само епидемијата да не заврши со комплетен крах на економијата.

До тука сме стигнати затоа што никој не слуша доктори, ниту народот, ниту власта

Женевјев е медицинско лице од северо-источна Франција, Де Севр, и нема еден убав збор ниту за народот како се однесува сред пандемија, ниту за власта, објаснувајќи дека има многу повеќе заразени отколку што се кажува, и порачувајќи им на сите: „Французите не се ништо повеќе бесмртни од Италијанците.“

Може ли Европската Унија да остане обединета по коронавирусот?

Во моментов во ЕУ не е можна ниту слобода на движење на луѓе, ниту слобода на движење на производи, а и двете се едни од главните столбови на кои се базира Унијата. Паралелно со ваквата идеолошка трагедија на Унијата, во Шпанија и Италија се одвива и човечка трагедија за која Унијата допрва ќе треба да одговара.

Дали е вентилатор или респиратор, карантин или изолација?

Да почнеме од најосновното: вирусот се вика САРС-КоВ-2, и тој ја предизвикува болеста ковид-19, а е дел од семејството коронавируси (или уште попрецизно бетакоронавируси).

Швалерки и останати француски недоумици во време на карантин

„Може ли маж ми да се гледа со швалерката?“ е едно од прашањата околу коронавирусот што деновиве е поставено на телефонскиот број на француската полиција.

Како Индија планира да држи дома 1,3 милијарди луѓе

Во подвиг кој никогаш претходно не е ни помислен, а не па направен, Индија планира една петина од населението на планетава цели 21 ден да го држи дома во изолација.

Село гори, Дилан објавува песна за Кенеди

Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.

Кога 2200 милијарди долари не се доволни

Американскиот Сенат го изгласа финансискиот пакет за спас на економијата на земјата кој изнесува некаде околу 10% од вкупниот БДП на САД. И покрај баснословната сума очекувањата се дека ќе треба уште.

Корона, не корона, Италијанец оди на кафе, и тоа е

Дури и сред апокалиптични моменти за земјата, стари Италијанци не се откажуваат од навиката да шмркнат еспресо на шанк, па ти колку сакаш расправај им се да не мрдаат од дома.

Лицата на докторите од корона фронтот

Додека времето почна да се пресметува од една до друга прес-конференција, лесно се заборава дека на терен докторите и медицинските лица уште малку ќе прават еден месец (барем кај нас) како непрестајно, со хокеарски измени, даваат сè од себе за бројките што се соопштуваат на прес-конференции да бидат што е можно помали и помалку трагични. Сето тоа се одвива во 8, 10, 12, 24 и којзнае колку часовни смени, во кои секој од нив мора да носи најмалку маска на лице како заштита.

Руски театар ќе дава претстави за само еден гледач

Се наоѓа во Перм, блиску до Урал, и како и голем број театри во светот во моментов е затворен. Но тоа не е причина таму да не се држат претстави. Само со помалку луѓе. На пример со - еден.

Ицо Стоичков со лук и врела вода се штити од вирусот

Најдобриот фудбалер на светот во 1994 година, добитник на Златна топка, Христо Стоичков за Mundo Deportivo даде пар совети од Мајами каде живее во време на пандемијата.

Кан ги отвори вратите... за бездомници

Палатата на фестивалите во Кан, без блицеви и без црвен тепих, ги пречека бездомниците од Кан кои немаат каде да се сместат во време на општа изолација во земјата.

Mану Дибанго, џез-фанк музичарот кој го инспирираше Мајкл Џексон, почина од коронавирус

Eден од бизарните онлајн феномени деновиве е водењето списоци за познати личности заболени од вирусот, кои постојано се апдејтуваат (Пласидо Доминго, Харви Вајнстин, принцот Алберт...). За жал, првата жртва е од џез сцената.