„Имавме прилично либерален пар кој сакаше да знае дали сопругот како и вообичаено може викендот да го мине кај својата швалерка. Меѓутоа има и зголемен број за повици за домашно насилство и маалски проблеми.
Секој ден по вестите во 8 часот имаме наплив на телефонски повици. За прашања што треба да бидат поставени... или само да прашаат дали може да фрлаат ѓубре во време кога важи карантинот,“ објаснуваат од француската полиција.
Французите се јавувале и со кодошење на соседите дека премногу често излегувале или дека дома собирале премногу луѓе. Други недоумици на Французите се од типот „Непознат човек ми го погали коњот, дали има ризик да го заразил со коронавирус?“, или:
„По разводот успеав да најдам некого. Меѓутоа тој живее на 25 километри од мене. Како може да го правиме тоа во време на изолација,“ прашала една жена од Дижон.
Франција е под клуч од 17 март, а луѓето смеат да излезат само за да купат за јадење, за здравствени потреби и за да вежбаат, последното е со услов тоа да биде во близина каде живеат.