До тука сме стигнати затоа што никој не слуша доктори, ниту народот, ниту власта

Женевјев е медицинско лице од северо-источна Франција, Де Севр, и нема еден убав збор ниту за народот како се однесува сред пандемија, ниту за власта, објаснувајќи дека има многу повеќе заразени отколку што се кажува, и порачувајќи им на сите: „Французите не се ништо повеќе бесмртни од Италијанците.“

Критиката до владата и е дека премногу задоцнила и ги слушала луѓето во своите редови (советници и сл.) наместо да ги слуша докторите и останатиот персонал на терен кои многу порано алармирале дека пациенти им умираат и дека болниците им се преполни.

„Престанавме секаде да тестираме луѓе, за да не создаваме паника.

Кога ќе ги чујам бројките за ковид-19 што ги кажуваат на телевизија, тоа е тотално срање.

Ви гарантирам дека ако ги тестирате сите наши пациенти и целиот наш персонал, речиси сум сигурна дека половина ќе бидат позитивни на ковид-19,“ порачува Женевјев во директното вклучување во панелот на РМЦ.

Што се однесува на условите во кои работи таа гневно раскажува:

„Работам со ФФП2 маска за време на 10-часовни ноќни смени, каде луѓе плукаат по мене, кашлаат по мене.

Мојата маска е застрена. ЗАСТАРЕНА.

Дали ме слушате? ЗАСТАРЕНА!“

Посебна приказна се Французите кои според нејзе, мора да разберат дека ова не е грип или сипаници.

„Ова нè убива и нè убива.

Имаме медицински сестри што умираат. Ги закопуваме нашите колеги.

Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат.

Ние го немаме тоа право.

Тоа е дел од нашата работа, од нашата свест.

Повеќе не си ги бакнувам децата. Не ги гледам луѓето кои ги сакам.

И сето ова го правам само за луѓе да можат да се шетакаат наоколу, мислејќи дека ова е некаков вид на одмор?“ порачува Женевјев.

Целиот разговор:

 

31 март 2020 - 10:09