Двете клучни членки на ЕУ се во топ 3 по бројот на случаи на заразени на светско ниво, само зад САД. По број на мртви Италија и Шпанија се прва и втора и на нив отпаѓаат повеќе од половина од сите смртни случаи во светот (10.779 односно 7.340).
Во исто време членките на ЕУ не се однесуваа ни приближно соодветно на бројките кои доаѓаат од двете држави.
Првичната реакција на речиси секоја членка на Унијата, без разлика дали тоа била Германија, Франција или Унгарија, е да се затворат границите и да се забрани извозот на медицинска опрема и материјали, дури и за потребите на најпогодените локации во светот кои во ситуацијава беа во нивното најблиско соседство.
Како што одминува време овие мерки олабавија, но како што одминува време Италија и Шпанија веќе ги ожнеаа ужасните бројки од погоре.