Ману Дибанго, камерунскиот музичар кој живееше во Париз починал во болница од последици на инфекција со Ковид-19. Беше познат по својата мешавина на џез, фанк и традиционални западно-африкански стилови. Роден во 1933 во Дуала, Камерун, тој учел гимназија во Париз каде почнал да се интересира најпрвин за пијано, потоа за саксофонот (по којшто беше најпознат) и за вибрафонот.
Негов најголем хит, произлезен токму од таа мешавина на африкански и европски стилови, беше Soul Makossa, оригинално напишана за африканскиот фудбалски куп на нациите во 1972. Стихот „мама-се, мама-са, ма-макоса“ од неа на времето го „позајми“ Мајкл Џексон во неговата Wanna Be Startin' Somethin'. Дибанго го тужеше Џексон, и доби вонсудска парница. Во 2009 повторно се тужеше, овој пат со Ријана, чија песна Don't stop the Music го користи истиот рефрен, но во овој случај жалбата била отфрлена.
Соработувал со Фела Кути и Херби Хенкок, а негови композиции се ремиксувани од Баста Рајмс и Кемикал брадерс.
Еве ја фамозната Soul Makossa: