Таг: кина

Првиот Кинез во историјата кој даде гол во еврокуп, милиони во Кина стануваат рано да го гледаат

На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.

Кога Кинези ќе фатат бомбона бизнис

Во подрум на поранешен кинески градоначалник откриени 13,5 тони злато. Тоа што нас нè интересира е: од каде знаеме дека не биле 13,6 тони, на пример?

Кинески новинари ќе полагаат тестови за лојалност кон господинот Џинпинг

Тестовите не се тривија (која му била прва женска, или што музика слуша), туку ќе се однесуваат на тоа колку новинарите ја разбираат Мислата на Ши Џинпинг, доктрината на кинескиот претседател од 14 точки кои треба да го обележат неговото владеење.

САД и Кина се бркаат во матното на Бахамите

Америка: Дај и други нека почнат да даваат пари и да помагаат по свет. Исто така Америка: Па мора ли баш Кина?

Две атлетичарки во Кина многу личат на мажи, но федерацијата проверила и демантира

Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.

А кој тоа рече дека кинеската армија нема да интервенира во Хонгконг?

Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.

Кинески тифози на Интер со песна против Јувентус

Најголемите светски клубови секое лето хараат по турнеи ширум светот. Од Америка, преку Кина и Индонезија, па до Индија, во потрага по нови навивачки бази и ширење на пазарот. Во Кина многу навивачи има Интер, нормално, сопствениците му се од оваа земја. Едни од кинеските тифози на Интер се прославија.

Кинези кои навиваат за Вест Хем и ја пеат Im forever blowing bubbles

Можеби едно од најсипматичните видеа кои сме ги гледале во догледно време. Инспирирани веројатно од филмот Green Street Hooligans, десетина Кинези едвај чекале Вест Хем да дојде на турнеа во нивната земја. Најбројни биле на мечот против Њукасл во Шангај.

Целосната фотка од мажот пред тенковите на Тиенанмен

Годинава е точно три децении од студентските протести во Пекинг за кои скоро никој во Кина не знае ни дека се случиле. Во остатокот од светот, сликата од човекот со кесите пред тенковите е иконата на овие протести. Кадарот што го знае цел свет е само многу мало делче од една многу позастрашувачка слика.

Историја на чајот

Моменталниот статус на чајот е вториот најпиен пијалак на светот (после водата) во претерано многу варијанти. А целата работа почнува многу поинаку, па во првата верзија чајот е храна.

Зошто Америка нема ривал што ќе му конкурира на Хуавеи?

Додека американските власти се заканија по сите можни основи (дипломатски, воено, разузнавачки) на секој од нивен табор што ќе инсталира Хуавеи опрема за 5Г мрежите, американските експерти за телекомуникација посочуваат дека Америка сама се наместила да биде во ваква позиција.

Овие да тргнат со ќотек ќе го освојат цел свет

Забезекнат, новинарот на Би-би-си објаснува: додека ние ги снимавме од блиску, формите што тие ги правеа можеа да бидат видени и од сателит. Ништо ЦГИ, ефекти, фори, чисто кинески масовна демонстрација на кунг-фу.

Како Европа научи да се плаши од Кина

Не така одамна Европејците го игнорираа подемот на Пекинг. Но серијата купени европски индустриски гиганти, напливот на кинески богаташи, и политичката снага што Кина почна да ја покажува, многу смени кај самозаљубените европски владетели.

Кина е на пат да го укинува копањето биткоин

За властите оваа активност претставува „сериозни залудно потрошени ресурси“, што е доволна причина за копањето биткоин да биде забрането. Шансите за ова само се зголемуваат кога ќе им се накалеми и загадувањето.

Кинескиот поход на Европа заглави на грчки комисии

Објаснувајќи ја велелепноста и добронамерноста на кинескиот проект Новиот пат на свилата, кинеските медиуми признаваат дека и покрај сите пари со кои располагаат нивниот проект заглавил на пристаништето во Пиреј и инаетот на локалните Грци.

Драмата околу погребот на личниот секретар на Мао Це Тунг

И покрај претстареноста на ликовите, веста е тазе а во неа ќерката на личниот секретар на Мао се побуни против намерата на кинеските власти да го погребаат татко и на место за одделено за највисоките кинески функционери.

Кина го загадува воздухот во Калифорнија

Слично како што Кина не почитуваше граници во загадувањето, така и загадувањето не почитува државни граници. За сега Калифорнија трпи штета по двете основи.

Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина затоа што зборел без дозвола

Амбасадорот Џон Меккалум е отпуштен затоа што без да добие дозвола проговорил во врска со апсењето на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Венџу, на аеродром во Ванкувер.

Кина нема да простува загадување

До сега кинеските власти јавно ги прозиваа најразличните градоначалници и градски власти кога загадувањето во нивниот град ќе станеше неподносливо. По ново прозивањето ќе биде надополнето со казни.

Хуавеи ја копира Европа, зграда по зграда

Кинезите веќе долги години имаат пракса да одберат европски град што ги бендисува на око, и да направат негова идентична функционална копија во Кина. Хуавеи целата работа ја крева на повисоко ниво, па новиот кампус во Кина го прави исклучиво со клонови на населби од европски градови.

Грција, кинеската дупка во царинските закони на ЕУ

Грчката царина ќе треба на ЕУ да и плати казна од 200 милиони евра затоа што не спречила кинеска криминална мрежа да шверцува облека и патики преку пристаништето во Пиреа. Инаку, во времето кога на Грците им беше најголема драма за пари пристаништето беше отстапено на Кинези.

Епл годишно троши 150 милиони долари само на една авио-компанија

Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.

Кинезите тргнаа со воспитно апсење Канаѓани

Во мерка која никако не е одмазда за апсењето на директорката на Хуавеи на аеродром во Канада, Кина од апсењето на 1 декември до сега има приведено најмалку 13 канадски државјани.