Таг: јувентус

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.

Живата легенда на Јувентус се збогуваше со клубот

Недела, 13 мај 2012 беше тажен ден за навивачите на Јувентус, но и за сите други вљубеници во фудбалот. Серија А се раздели со една своја жива легенда. Алесандро Дел Пјеро се симна од фудбалската сцена во Италија.

Торино ги поздрави своите шампиони

400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.

Колку титули има Јувентус? 28 или 30?

Јувентус ја освои титулата во Серија А за прв пат по 2006-та година, но последна кој му се брои е онаа од 2003-та. Колку титули има Јувентус? 28 или 30? Овие бројки беа интересни и за медиумите во Италија.

Титулата на Јувентус низ бројки

Јувентус ја освои 28-та титула (вкуно 30-та со двете одземени во Калчополи) по импресивна сезона без пораз и постави нови стандарди во италијанскиот фудбал.

Јувентус е нов шампион на Италија

Интер го победи Милан на „Дерби дела Мадонина" на извонреден натпревар со шест голови и му помогна на „омразениот" Јувентус да ја освои 28-та титула во претпоследното коло од италијанската Серија А.

Буфон го доближи Милан на еден поен

Неверојатна среда во Италија. На две кола до крајот на сезоната Милан му се доближи на Јувентус на само еден поен заостанување.

Касано пак стрела, Јуве остана на +3

По долга Антониот Касано за прв пат се најде во стартниот состав на Милан и постигна гол при победата од 1:4 на гостувањето кај Сиена. Јувентус ја одржа предноста од три поени со триумфот од 0:4 кај Новара.

Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Влезниците за Јуве-Рома распродадени за 40 минути

Неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Рома предизвика невиден интерес.

Дел Пјеро ја пишува историјата на Јувентус

Алесандро Дел Пјеро има постигнато многу голови, но во сезоната која можеби му е последна како фудбалер на Јувентус и како фудбалер воопшто, „Пинтуричио" го постигна еден од најважните голови во неговата кариера и тоа токму на неговиот 700. настап во црно-белиот дрес.

„Дербито на Италија“ му припадна на Јувентус

Јувентус со 2:0 го победи Интер на натпревар помеѓу едни од најголемите ривали во Италија и не му дозволи на Милан да ја зголеми предноста на табелата во Серија А.

Финалистот Јувентус веќе не е непобедлив

Екипата на Милан му го нанесе првиот пораз по регуларни 90 минути на Јувентус оваа сезона, но „бјанконерите" по продолженија изборија пласман во финалето на италијанскиот куп.

Јувентус со петарда му одговори на Милан

Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.

Светските шампиони играат за Јувентус и Интер

Совет за селекторите. Ако сакате да освоите Светско првенство, во својата репрезентација вклучете што повеќе фудбалери кои играат во Серија А и тоа по можност од Јувентус и Интер.