Таг: јапонија

Сашико и боро: јапонски традиции на крпење облека

Да се поправи а не да се фрла е фина работа која ја почитувале нашите предци, а сега ја применуваат главно оние кои не можат да си дозволат ново. Но и крпеното може да изгледа убаво и достоинствено.

Неуспешниот план Јапонците во Втората светска војна да се победат со - радиоактивни лисици

Неверојатната идеја со кодно име „Операција Фантазија“ требало да ги деморализира силите на Оската со имитирање на митолошки духови.

Нема веќе „дами и господа“ на авионите на најголемата јапонска авио-компанија

Japan Airlines е една од глобалните авио-компании кои воведуваат родово неутрални поздрави до патниците.

Ревија убави голови во Јапонија

Во најдобрата фудбалска лига на Јапонија Џеј-лига, се одиграа 20 кола, а во последните неколку рунди паѓа дожд убави голови. Скоро и да нема натпревар без 2-3 гола и со исто толку ефектни мајстории.

Голман, ти останува само да ја извадиш топката од мрежа

Во втора лига на Јапонија паѓаат евроголови како во најдобрите европски лиги. Кента Фукумори со мајсторија од слободен удар го матираше голманот на Албирекс Нигата. Неговиот Китакјушу на крај победи со 2:1.

Нема голман за таков волеј од залет

Нема, тоа е, кога ќе му легне на играч на волеј, па особено ако е залетан како Јутака Јошида од Нагоја, тука голманот може само да ја вади топката од мрежа и ништо друго. Јокохама победи со 3-2 против Нагоја ама голот на мечот го имаше гостински фудбалер и тоа за водство од 0-1.

„Мингеи“ или убавината на предметите за секојдневна употреба

Концептот може да се преведе како „народно творештво“, а е развиен во средината на 1920-тите од страна на јапонски филозоф и естетичар. „Мингеи“ се однесува на секојдневните нешта, од облека и мебел до прибор за јадење и пишување. Малите нешта кои ни го чинат секојдневието, и кои ако се внимателно одбрани или рачно направени, ни го разубавуваат.

Фантастични евроголови во Јапонија

Автор на првото ремек дело, на мечот Точиги - Ависпа Фукуока (0:1) е Швеѓанецот Емил Саломонсон од слободен удар, а второто ремек дело на мечот Варен Нагасаки - Чиба беше дело на Отаке од 35 метри.

Од сè што можеше да снема, на Јапонија и снемаа бројки за кредитни картички

Ковид-19 во комбинација со постојната кампања за безготовинско плаќање ја исцрпија јапонската резерва на слободни 16-цифрени бројки за кредитни картички, па сега компаниите размислуваат за додавање на 17 бројка.

Ограбен музеј на нинџи во Токио

Полицијата била повикана откако крадците си заминале - целата акција им траела три минути, брзина на која и нинџа може да позавиди.

Проѕирните јавни тоалети во Јапонија

Во една од најпопуларните населби во Токио се појави нова атракција: тоалети кои додека влезете во нив се транспарентни. Кога има човек внатре стаклото се затемнува.

Јапонски мортуси

Јапонците не само што се толерантни кон канцелариски вработени кои по некоја искачанка пијани спијат во метроата низ земјата, туку се толерантни и кога истите овие нема да стигнат ни до метро, па ко лешови ќе се спружат на улица. Меѓутоа, изгледа годинава го претерале.

Вакаресасеја: јапонски професионалци за раскинување врски

Во 2010, Такеши Кувабара бил осуден за убиство на својата љубовница. Но она што овој случај го откри не е само уште едно убиство од страст, туку еден необичен факт - дека Кувабара по професија бил „вакаресасеја“ - човек кој бил најмен од мажот на љубовницата за да го прекине нивниот брак.

Венгер научил како се хранат Јапонците, го применил тоа и станал непобедлив со Арсенал

Легендарноста на Арсен Венгер во Арсенал може да се опише со еден збор: непобедливост.

Неуспешниот атентат врз Чарли Чаплин во Јапонија

Ликовите кои ги толкувал на големите екрани имале турбулентни животи. Но и приватниот живот на Чарли Чаплин не бил без возбуди. Во една прилика, на пример, тој за малку ѝ избегал на смртта за време на воен удар во Јапонија, во 1930-тите. И ич не било смешно.

Гол кој треба да прејде во навика

После три одиграни кола во Јапонија, тимот на Кавасаки е втор со 7 освоени бода. Денес со 0-4 го размонтираа Токио. Сите четири гола паднаа во прв дел а вториот беше најубав. Стрелец Бразилецот Леандро Дамијао.

Таква контра само Белгија може да изведе

Во осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018-та, Јапонија со две „камикази“ за само 4 минути (Харагучи 48', Инуи 52') ја олади Белгија и почна да им ги пакува куферите. Ама Белгијците не за џабе беа фаворит број 1 за финале, па се вратија за 5 минути (Фертонген 69' и Фелаини 74'). За да во последни секунди светне една луда контра која ја круниса Шадли.

Покривајте си ја устата: јапонски здравствен прирачник од времето на „шпанскиот грип“

Во август 1918 група сумо борачи се вратила во Јапонија од Тајван. Кога почнале да покажуваат симптоми, докторите мислеле дека станува збор за бронхит или пневмонија. Излегло дека донеле шпански грип.

Јапонското здравство уште е на погон на факсови

Наспроти тоа што од тука изгледаат како да се од друга планета и живеат во 2100-та година, секоја јапонска болница за време на ковид-19 со закон е обврзана по факс да испраќа рачно напишани извештаи и документи околу дневната состојба со пандемијата до здравствените центри во државата.

Легендата според која Исус е погребан во - Јапонија

На врв на рид во северна Јапонија лежи гробот на човек кој во блиското село Шинго е запаметен како Даитенку Таро Џураи. Остатокот од светот го знае како Исус Христос.

И покрај вирусот, во Јапонија се одржа кикбокс турнир пред 10.000 гледачи

На 22 март во Јапонија на „Саитама Супер Арената“ се одржал кикбокс турнирот K'FESTA 3 кој е дел од светското гран-при К-1 и покрај апелот од власта да се одложи за некои подобри времиња.

Во Јапонија се очекуваше експлозија на коронавирус. Зошто не се случи?

Јапонија е една од првите држави вон Кина во која се прошири коронавирусот. Моментално соседот на Кина е една од најмалку погодените држави во светот. Ваквиот статус е и покрај тоа што Јапонија не наметна ниту карантин како Кина, ниту изолација како Европа или САД.

Кеисуке Хонда - првиот фудбалер што даде гол на 6 континенти

Јапонецот Хонда по завршувањето на својата богата кариера комотно ќе може да напише автобиогафија за неговите авантури на разни страни од светот. Стигна да биде и селектор на Камбоџа, а сега игра во најфудбалската земја на светот.

Судија па не се поништува ваков еврогол

Добро е што Урава Редс со 5-2 го прегази Вегалта Сендаи во јапонскиот Куп. Ама не чини што судијата поништи епски гол на Леонардо Нашименто Лопез де Соуза.