Откако годинава на островот Окинава биле пријавени над 7.200 случаи на „rojo-ne“, во буквален превод спиење на пат, полицијата на јужниот јапонски остров одлучи дека може е време да алармира за проблемот.
Со просек од нешто помалку од 1.000 случаи месечно, полицијата во Окинава е единствена во Јапонија што воопшто води статистика за оваа појава.
Или како што ќе објасни еден тамошен полициски началник кој на позицијата дошол пред помалку од една година: „не го ни знаев терминот ’rojo-ne’ пред да дојдам во Окинава. Мислам дека феноменот е уникатен за Окинава.“
Во најголемиот дел од случаите, некој добронамерен или полицијата ги воскреснува лешовите од улиците и патиштата низ островот пред да се случи некоја поголема трагедија.
Локалците феноменот го објаснуваат со комбинацијата на авамори (алкохолен пијалак направен од ориз, само со поразлична технологија од сакето) и топлото време.
Полицијата и локалните власти со најразлични соопштенија и кампањи пробаа да ги одвратат или барем предупредат жителите за опасноста од пиење и заспивање на сред улица. За сега не успеаа.